Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » November » 26 » ГРЦИЈА Е УПЛАШЕНА ОД СЛУЧАИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМОТИТЕ
    1:08 AM
    ГРЦИЈА Е УПЛАШЕНА ОД СЛУЧАИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМОТИТЕ

    ГРЦИЈА Е УПЛАШЕНА ОД СЛУЧАИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМОТИТЕ

     

    Грчките власти се исплашија од напредокот во случаите за враќање на имотите на Македонците што им биле одземени по Граѓанската војна во 1949 година.

    Ним не им се допаѓа сериозниот пристап во мојата работа и не веруваа дека воопшто ќе стигнеме дотука. Вака за „Дневник“ адвокатката ангажирана на случаите за имотите на протераните Македонци од Грција, Трендафилка Сандева, го коментира тоа што пред неколку недели во обид да влезе во соседната земја не ~ беше дозволен влез на грчката граница. 

    Образложението што го дале грчките граничари било исто како и за сите новинари и други Македонци на кои не им беше дозволен влез во Грција - дека во националниот регистар на земјата стои оти се „опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и за меѓународните односи.“

    - Никогаш не сум била дел од македонските здруженија во Грција, ниту сум учествувала на нивните организирани манифестации во Леринско и околината. Но мојот ангажман е многу поопасен за грчките власти, особено откако им стана јасно дека нема да се откажеме од намерата да им се вратат одземените имоти на Македонците - вели Сандева. 

    Пат до грчките судови

    Таа нагласува дека последнава година е забележан напредок во процесуирањето на случаите, односно одреден број веќе стигнале во грчките судови - факт што не им се допаѓа на тамошните власти. Според Сандева, с` уште е рано да се прогнозира колку време ќе трае постапката пред судовите, но таа е сигурна дека е многу веројатно да се стигне до позитивен резултат.

    - Иако Грција е членка на ЕУ, нејзиното правосудство има долги судски процеси, многу подолги од нашите, на пример. Па од доставувањето на предметот до првото закажување може да поминат и две години. Но, реално гледано ваквите процеси во која било земја би биле долги и исцрпувачки, оти се работи за многудецениски период и нужни се многубројни и различни документи - објаснува Сандева. 

    Додава дека е недозволиво Македонците да не можат да си ги вратат имотите, и покрај сложеноста на процедурите и политичката заднина зад сето ова, таа е решена да оди до крај. 

    - Многу ми значи поддршката од напредната грчка јавност како, на пример, грчката пратеничка што го покрена мојот проблем со враќањето од граница пред парламентот во Атина. Тоа ми дава дополнителна сила, исто како соработката со адвокатите од Солун што работат на овие случаи - вели Сандева.

    Поинаку ќе беше пред десет години

    Главната причина што процесите за враќање на имотите траат повеќе од 10 години е што не постојат конкретни пресуди на чија основа можат да се докажува сопственоста односно одземањето на имотите.

    - Овие случаи се единствени од ваков тип во светот. Во сите други земји враќањето на имотите оди релативно побрзо оти има докази, односно кривични пресуди дека, на пример, е вршено геноцид или насилно протерување, одземање и сл., на основа на што се бара и докажува сопственост, па имотите се враќаат назад. Во Грција нема ниту една пресуда за геноцидот и оттука произлегува с`. Но нема да трае бескрајно - оптимист е Сандева. 

    Уште една негативна причина е и тоа што пред повеќе од десет години, вели адвокатката, јужниот сосед влијаеше врз бегалците да не си ги бараат имотите назад, преку т.н. свои луѓе. Нивната задача била да ги премислуваат бегалците да не потегнуваат процедури со образложение дека шансите им се минимални и никогаш нема да можат да се справат со грчките власти.

    Наспроти оптимизмот што владее кај Сандева, прогонетите Македонци ја губат вербата дека ќе се вратат во родните огништа. Причината е што уште е во сила расистичкиот закон од 1982 година со кој се дозволува само враќање на „Грците по род“ за граѓаните што ја напуштиле земјата во текот на Граѓанската војна. Неговото укинување ќе значи и слободно враќање во родните куќи.

    Десетина си ги вратија државјанствата - следуваат имотите

    Информацијата дека дел од предметите веќе се пред грчките судови не значи дека работата е завршена, но дека се надминати чекањата со месеци, упорното неиздавање изводи, кои инаку се услов за добивање државјанство, пасош, за на крајот да се врати и правото на сопственоста на одземен имот. Добра вест е што десетина луѓе веќе успеале да си ги добијат назад државјанствата.

    - Kаде што не е одземено државјанството, успеавме за кратко време да докажеме и да си го повратат. Ова е едно од изгубените права. Kаде што е одземено, сега во грчките судови се оспорува одлуката на одземање и добар дел од ваквите случаи веќе се пред пресуди. Односно, оспорено е одземањето, само се чека на нова одлука за враќање на државјанството. Следен чекор во повраток на изгубените права е враќањето на правото на сопственост над имотот - објаснува Сандева. 

    Искра Kоровешовска

    Извор: “Дневник“

    Views: 270 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Aegean Macedonian Folk Dances and Songs

    http://youtu.be/NaVD9sNN_CU?list=RDNaVD9sNN_CU

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024