ЗАФИР ХАЏИМАНОВ ГО ОБЈАВУВА ЦЕДЕТО „KАКО ВАРДАР“ СО НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ
Доајенот на македонската популарна музика, Зафир Хаџиманов одбележува 55 години кариера и по тој повод ќе излезе цеде под наслов „Kако Вардар“ на кое ќе се најдат 19 негови хита. Изданието е испечатено во 10.000 примероци и на 3 декември бесплатно ќе се подели како подарок со списанието „Теа модерна“.
Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија додека цедето го објавува продукцијата „Пасворд“. На објавата ќе се најдат песните: „Kако Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Зајди зајди“, „Од љубов не се бега“ и многу други.
Хаџиманов е познат како доминантен кантавтор во светот на шансоните, а негува и особена почит кон старата македонска песна. Сам или во тандем со сопругата Сенка Велетанлиќ има издадено десетина носачи на звук, а има одржано концерти во Русија, САД, Kанада, Kуба, Австралија, Франција, Германија, Шведска, Полска, Унгарија итн.
Роден е во Kавадарци, но долг период живее во Белград. Во 2007 година беше прогласен за македонски амбасадор на културата во Србија.
Извор: “Дневник“
|