Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » November » 27 » 75 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин
    4:01 AM
    75 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

    75 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

    75 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

    насловната страница на книгата

     

    „Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена на 25 ноември 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.

    Стихозбирката е испечатена на 25 ноември 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и постигнува голем успех.

    Збирката претставува извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на Рациновото творештво.

    Делото е неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот, кој бил забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинството што ги носи македонското народно епско и лирско творештво, збогатено со сопствен творечки однос.

    Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за племенит културен натпревар со другите народи во светот.

    Со „Бели мугри“ се отворил пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин станал еден од основоположниците на современата македонска книжевност.

    Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен - пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе.

    Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви. „Бели мугри“ била создадена под влијание на народната поезија, како и на „Зборникот“ од браќата Миладиновци. Највпечатливи мотиви во Рациновите песни се: аргатската мака („Денови“ и „Селска мака“), социјално-класната неправда („Тутуноберачите“), револуционерен повик („Копачите“), патриотски мотиви („Елегии за тебе“, „Уторото над нас“ и „Татунчо“), жал за пропаднатите занаети („На Струга дуќан да имам“) и печалбарската тага („Проштавање“).

    Денови

     

    Како на вратот ѓердани

    ниски камења студени,

    така на плешки денови

    легнале та натежнале.

    Денови ли се – денови

    аргатски маки големи!

    Стани си утре порано

    Дојди си вечер подоцна,

    наутро радост понеси

    навечер тага донеси –

    ај, пусти да е, пуст да би

    остана живот кучешки!

    Роди се човек – роб биди

    роди се човек – скот умри,

    скотски цел живот работи

    за други, туѓи имоти.

    За туѓи бели дворови

    копај си црни гробови!

    За себе само р’гај си

    за себе маки тргај си –

    нижи си ѓердан денови

    нижи си алки ковани,

    нижи си синџир железен

    околу вратот навезен!

     

    Ленка

     

    Откако Ленка остави

    кошула тенка ленена

    недовезена на разбој

    и на наломи отиде

    тутун да реди в монопол –

    лицето и се измени

    веѓи паднаја надолу

    и усти свија кораво.

    Не беше Ленка родена

    за тија пусти тутуни!

    Тутуни – жолти отрови

    за гради – китки розови.

    Прва година помина

    грутка в срцето и легна,

    втора година намина

    болест ја в гради искина.

    Трета година земјата

    на Ленка покри снагата.

    И ноќе кога месечко

    гроб и’ со свила виеше.

    Ветерчок тихо над неа

    жална и тага рееше:

    „Зошто ми, зошто остана

    кошула недоткаена?

    Кошула беше даровна...“

     

    Копачите

     

    Се к'ти ноќта црна!

    Се рути карпа - мрак!

    И петли в село пеат

    и зората се зори –

    над карпа в крв се пие

    и темнината пие

    силно

    светнал

    ден!

    Пробудете се морни

    копачки и копачи –

    на трудот

    црн

    народ!

    Со мотика на рамо

    за корка сува леб,

    по патиштата стрмни,

    по полињата paмни,

    у вивналиов ден

    да тprнeмe и ние

    страдалници од век!

    На деда Богoмил

    земjата poвка, мека,

    наба6рена за poд,

    со страдна душа чека

    ударите ни jаки

    со мотиките остри

    по троскот

    пелин

    трат!

    На работа!

    На труд!

    Да прокопаме меко

    полињата родни

    афион, тутун, житце

    да родат благородни.

    И по кривите вади

    да пропуштиме води

    за оризите млади

    и зелени лободи.

    На работа!

    На труд!

    Да роди род богат!

    Да бликне живот млад!

    На пепел троскот, пелин

    во огин пламен jад!

    Жилите да пуштат

    корења длабоко

    плодови да бликнат

    високо, високо

    слободно

    на воздух!

    Ораме со рало

    но земjата ни златна

    колку е богата!

    На пепел троскот, пелин!

    Во огин пламен јaд!

    Да престане, да снема

    тагата голема

    за голиот живот

    на човек

    станал –

    скот.

    И в тaјa мугра пресна

    да екне дружна песна

    на дружните удари –

    та биjат срца млади

    и растат силно гради

    пребликнати со јaд!

    Од сички маки тешки

    не видовме бел ден,

    а од солзи жешки

    не стануе меден

    нашиот живот!

    На работа!

    На труд!

    Та не сме саде ние

    та не сме саде тука –

    ние сме по цел свет

    безброjни

    милиони

    на трудот

    црн –

    народ!

    Да биде честит денот

    и првата ни стапка

    у првиот ни век!

    Ќе мине силен ек

    ќе б'сне сонце златно –

    по секаде на светот

    ќе згине срамно гнетот -

    ке л'сне живот нов!

    И реки ќе потечат,

    и бреме ќе одвлечат

    на вековита смрт!

    Реките од живи

    и пробудени сили

    на копачи

    копачки

    и страдни

    голи

    гладни

    по целата земjа!

    Се к'ти ноќта црна!

    Се рути карпа - мрак!

    И петли в село пеат

    и зората се зори –

    над карпа в крв се мие

    и темнината пие

    силно

    светнал

    ден!

    75 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин 

     

    Извор: “Слободен Печат“

    Views: 646 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024