ЏЕЗ-БЕНДОТ „ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ“ СО КУЧЕШКО ШОУ
Џез-бендот „Летечки пекинезери“ го промовираa новиот албум Dog show и одржaa мини-концерт. На изданието има 11 композциии, кои се снимани, миксани и продуцирани од Ален Хаџи-Стефанов и членовите на составот. „Летечки пекинезери“ веќе има еден албум што го носи истото име како и групата. Dog show излегува под етикетата на „Скопскиот џез-фестивал“. Во бендот членуваат: Бојан Петков на гитара; Иво Солдатовиќ на кларинет, Петар Христов на тенор-саксофон, Kирил Туфекчиевски на контрабас и Славчо Kоцев на тапани.
Извор: “Дневник“
|