Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ смета дека Србија, Бугарија и Македонија треба да влезат во сојуз со Русија, наведувајќи дека „Западот не им е пријател на овие земји“.
„И на Србите и на Бугарите им стана полошо од ЕУ. Бугарите формално се член на ЕУ, а фактички не се. Бугарија сега живее полошо од порано. Србија треба да го отфрли членството во ЕУ. Јас се надевам дека тоа ќе се случи и во Македонија. Македонците ќе сфатат дека на Запад не им се пријатели. Тоа е нашата стратешка визија Србија, Македонија и Бугарија да влезат во сојуз со Русија“, изјави Шешељ во интервју за емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов.
Шешељ исто така смета дека Бугарија престанала со изградбата на гасоводот „Јужен тек“ поради притисоците од страна на Европската унија и дека ова било против интересите на бугарскиот народ./крај/мф/бс
Извор: “Макфакс“