Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 4 » Путин: Сакаа да ја зауздаат Русија, но не си го дозволивме југословенското сценарио (ВИДЕО)
    10:33 PM
    Путин: Сакаа да ја зауздаат Русија, но не си го дозволивме југословенското сценарио (ВИДЕО)

    Путин: Сакаа да ја зауздаат Русија, но не си го дозволивме југословенското сценарио (ВИДЕО)

    Русија верува во себе, во тоа дека многу може и дека сѐ ќе оствари, изјавил денес рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека Русија не си дозволила да тргне по патот на распадот според југословенското сценарио, пренесува Тасс.

    „Со задоволство ќе нѐ пуштеа по југословенското сценарио на распаѓање и поделба со сите трагични последици што би ги имало тоа за руските народи. Не се случи. Не го дозволивме“, кажал Путин, додавајќи дека Русија тоа не му го дозволила во минатото ни на Хитлер.

    Заблагодарувајќи им се на Русите за поддршката и солидарноста во моментите кога се решава иднината. Путин кажал дека разговорот со Русија од позиција на сила е бесмислен.

    Обраќајќи се пред Федералното собрание на Русија, Путин кажал дека политиката на зауздување на Русија не е смислена вчера, туку дека се спроведува секогаш кога некој смета дека Русија станала премногу самостојна, пренесува Тасс.

    Путин повторил дека санкциите им штетат на сите, па и на тие што ги воведуваат, како и дека Москва нема намера да ги урива односите со Европа и Америка.

    Нарекувајќи го спојувањето на Крим со Русија историско, Путин кажал дека за Русија Севастопол има огромно цивилизациско и свето значење и дека Русите кон тоа секогаш така се однесувале и така ќе се однесуваат.

    Според Путин, секој народ има неотуѓиво право на сопствен пат на развој и Русија секогаш кон тоа ќе се однесува со почит.

    Тоа, како што истакнал, се однесува и на Украина, но додал дека лицемерите со разговори за човекови права го прикриваат државниот удар во Украина.

    Не треба да се „политичари“, туку треба да ѝ се пружи помош на Украина во реформите, кажал Путин и додал дека неговите западни колеги „не брзаат да го направат тоа“.

    Притоа истакнал дека Русија го кредитирала украинското стопанство со 33,5 милијарди долари само во последниот период.

     

    Ова е 11-то обраќање на Путин, а во Кремљ се собрале над илјада гости – пратеници на горниот и долниот дом, членови на владата, раководители на уставниот и врховниот суд, гувернери, претставници на водечките религии, и претставници на главните медиуми.

    Извор: “МКД“

    Views: 300 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024