Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:42 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 5 » Поетскиот караван на ДПМ ја посети спомен-собата на Анте Поповски
    1:41 AM
    Поетскиот караван на ДПМ ја посети спомен-собата на Анте Поповски

    Поетскиот караван на ДПМ ја посети спомен-собата на Анте Поповски

    Во Спомен-собата на академик Анте Поповски, во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, а во рамки на Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија во знак на чествување на Анте Поповски, големиот македонски поет, академик, долгогодишен член на ДПМ и, во еден мандат, негов претседател, на 3 декември настапија триесетина поети, членови на македонската писателска асоцијација од различни генерации.

    Друштвото на писателите на Македонија иницираше поетски караван кој ќе ги посетува родните места и спомен-собите на значајните македонски книжевници и ќе ги одбележува значајните датуми за македонската книжевност. На 3 декември поетскиот караван стигна во Спомен-собата на Анте Поповски во скопската општина Ѓорче Петров.

    „За Друштвото на писателите на Македонија поетската средба е важна, меѓу другото, и заради идејата таа да биде иницијација за свртување на вниманието на големиот и значаен опус на Анте Поповски. Имено, ДПМ покажува грижа за заштита и славење на делата и личностите на своите членови, а Анте Поповски е од редот на избраниците на македонската литература и култура што го заслужува таквото внимание. Во оваа смисла Друштвото на писателите на Македонија ќе се заложи за заживување на мултикултурната манифестација ’Лазарополе – фест‘ со учество на поети, сликари, музичари и други креативци. Оваа манифестација, која имаше своја традиција, за жал, сега е во мирување. Но ДПМ ќе направи се да се обнови поетскиот дел од манифестацијата која го носи името на големиот македонски поет и академик Анте Поповски.

    Во функција на ваквата идеја ќе се заложиме за обнова и зачувување на библиотеката на Анте Поповски во неговата родна куќа, која располага со значаен книжен фонд и со зачувани бројни ракописи од последната фаза на писателската работа на авторот, кога се создадени негови значајни дела. Предмет на нашето интересирање е и паркот во близина на поетовиот дом, во кој се поставени бисти на писателите од Лазарополе, Анте Поповски и Симон Дракул, како и на основоположникот на современата македонска литература  Кочо Рацин. Овој дел, по сите свои одлики, би можел да прерасне во Парк на поезијата, со што мијачкиот крај би добил една важна културна и книжевна дименизја“, истакна Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

    На поетската средба со читање свои стихови, дел од нив посветени на Анте Поповски, настапија триесетина поети, меѓу кои Вера Чејковска, Иван Антоновски, Зоран Анчевски, Ресул Шабани, Тодор Чаловски, Бранко Цветкоски, Кочо Топузоски, Александар Поповски, Раде Силјан, Братислав Ташковски, Јовица Тасевски Етернијан, Драгица Најческа, Јусуф Сулејман, Милица Пашовска, Санде Стојчевски, Димитар Пандев, Љерка Тот Наумова, Горан Анчевски, Ирена Павлова де Одорико, Методија Тошевски, Ристо Ѓ. Јачев, Иван Чаповски, Виктор Јакимовски и Гордана Михаилова Бошњаковска.

    На средбата присуствуваше и семејството на Анте Поповски, а добредојде на поетите во Спомен-собата им посака синот Александар Поповски.

    „Точно на 10-годишнината од смртта на Анте Поповски, на 1 октомври 2013 година, како семејство на Анте Поповски, одлучивме да подариме негови книги од личната библиотека. Тогаш подаривме околу 6.000 книги во општините Ѓорче Петров и Илинден, во гимназијата во која учел и во библиотеката во Битола, а и во други места низ Македонија. Кога ги подаривме книгите на Општина Ѓорче Петров веднаш наидовме на разбирање од градоначалникот Сокол Митровски, кој одлучи да се направи Спомен-соба на Анте Поповски. Тоа значи дека собата постои веќе година и пол и за мене претставува културен храм, катче во кое одблиску може да се запознае ликот и делото на мојот татко Анте Поповски“, ни кажа неговиот син Александар Поповски.

    Во спомен-собата на Анте Поповски може да се видат негови лични предмети, ракописи, писма, голем број фотографии и книги.

    Бидејќи Анте Поповски е роден во Лазарополе, семејството ја прифати иницијативата на Друштвото на писателите на Македонија да се возобнови манифестацијата „Лазарополе фест“, со што трајно би се одбележал ликот и делото на академик Анте Поповски.

    Тони Димков

    Извор: “МКД“

    Views: 301 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024