Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 1:22 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 7 » Живописот на Пештерната црква датира од 16-17 век
    0:10 AM
    Живописот на Пештерната црква датира од 16-17 век

    Живописот на Пештерната црква датира од 16-17 век

    Активностите за сумирање на анализите завршиле деновиве, а беа дел од проектот за реконструкција на дел од сликаната програма на Пештерната црква и параклисот во монашката населба на локалитетот Св. Преображение, с. Зрзе“

     

    Расветлено културното минато во Зрзе

    Расветлени се одредени периоди од ликовно културно минато на зрзевскиот манастир, кој е еден од најзначајните средновековни културни центри во Македонија. Според сумираните резултати, живописот во Пештерната црква датира од поствизантискиот период, односно од 16-17 век.
    - Датирањето на живописот дојде како резултат на сумираните анализи од стилско-ликовната и хемиско-физичка анализа на пигментите користени во сликарството на Пештерната црква. Во истиот хронолошки распон од 16-17 век се сместува и создавањето на фресконатписот - протезисот на Пештерната црква, со што досегашната датација во втората половина на 14 век се поместува за неколку столетија - вели Александар Василески, помлад асистент-истражувач од Институтот за старословенска култура.
    Пронајдените остатоци од сликарството на параклисот биле дел од фасадната декорација на објектот и се од првата четвртина на 15 век.

    - Анализата на фрагментите и нивното поврзување во поголеми целини овозможија реконструкција на основната содржина на претставата на светителот што бил патрон на параклисот, а наедно и делумно расчистување на фресконатписот во кој е спомнат ктиторот - додава Василески.
    Активностите за сумирање на анализите завршиле деновиве, а беа дел од проектот „Обид за реконструкција на дел од сликаната програма на Пештерната црква и параклисот во монашката населба на локалитетот Св. Преображение, с. Зрзе“ од Институтот за старословенска култура, со поддршка на Министерството за култура.

    Фрагментите од фрескоживописот што беа предмет на анализа на овој проект беа пронајдени при археолошките истражувања на монашката населба, кои под раководство на Бранислав Ристески беа реализирани во 2008 и 2009 година.
    Инаку, зрзевскиот манастир, како еден од најзначајните средновековни културни центри, не само во прилепскиот регион туку и во Македонија, ја дал ликовната работилница на зографот митрополит Јован, кој е автор на повеќе ремек-дела на средновековната уметност во Македонија и на неговиот брат Макариј, чие творештво ги најавува новите стилски ликовни карактеристики на поствизантиската уметност.     
     
       
    Автор: Ка.М.  
     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 278 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025