Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 7 » Библиотеката чекори со времето
    0:20 AM
    Библиотеката чекори со времето

    Библиотеката чекори со времето

    Претседателот Иванов, кој ѝ додели Орден за заслуги на НУБ, истакна дека во последниве години таа почна и да се реформира, вмрежува и да се дигитализира

     

    СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    Со положување цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски (во дворот на библиотеката) и со настапот на хорот „Хармосини“ вчера претпладне почна чествувањето на патрониот празник на националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. По повод јубилејот, библиотеката се закити и со Орден за заслуги за Македонија, кој ѝ го додели претседателот Ѓорге Иванов. Орденот се доделува за исклучителните резултати во собирањето, зачувувањето и презентирањето на македонското духовно творештво и придонесот во развојот на образованието, науката и културата, како и за севкупниот општествен развој и афирмацијата на државата во светот. Претседателот му го врачи високото признание на директорот на НУБ, Иван К. Заров. 
    Иванов во својот говор на свеченоста истакна дека корените на НУБ досегаат до времето на св. Кирил и Методиј, кои ги превеле првите свети книги на старословенски јазик, како и до мисијата на св. Климент Охридски, кој ја основал првата словенска библиотека во рамките на Охридската книжевна школа.
    Тој се осврна и на значењето и на статусот на библиотеката.
     - Ако основниот предизвик на библиотеката во минатото бил да се зачува слободата, тогаш најголемиот предизвик на библиотеката во сегашноста е да се избори за слободното време на луѓето - подвлече Иванов.

    Тој истакна дека во изминативе седум децении НУБ беше трезор на нашето културно наследство, родилиште на идеите и мотор за интелектуален и севкупен економски развој на Македонија. 
    - Последниве години таа почна да се реформира, да се вмрежува и дигитализира. Ограничувањето на физичкиот простор се надминува со поврзување на неограничениот виртуелен простор - рече Иванов. 
    Директорот на НУБ, Иван. К. Заров, пак, истакна дека НУБ е врсник со македонската држава. Според него, библиотеката и денес го одржува духовниот дијалог со минатото.
    - Пред седумдесет години, на 23 ноември 1944 година, меѓу решенијата за конституирањето на државноста на тогашна НР Македонија е донесено и решението за формирање на националната установа Народна библиотека. Овој факт ја прави НУБ „Св. Климент Охридски“ врсник на македонската државност. Имињата не нејзините први директори: Георги Шоптрајанов, еден од најблескавите македонски интелектуалци и ерудити; Епаминонда Попандонов, првиот повереник за просвета во Президиумот на АСНОМ; Емануил Чучков, понатаму Димитар Солев, Васе Манчев, Паскал Гилевски и други говорат за врвниот интелектуален потенцијал на оваа институција - подвлече Заров.
    Тој истакна дека вработените се душата на институцијата, кои посветено ги едуцираат библиотекарите низ цела Македонија и дека НУБ е и институција-сервис за целата истражувачка научна и културна фела.
    - Важно е и основањето на дигиталната библиотека што го сублимира комплетното пишано наследство и го прави достапно на интернет-просторот - подвлече Заров. 

    Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека библиотеката е матрицата на целокупното пишано богатство, почнувајќи од најстарите старословенски ракописи, кои датираат од 13 век, до денес. Таа истакна дека е мошне значајна и промоцијата на старословенските ракописи што се чуваат во библиотеката низ врвните европски културни центри, вклучувајќи го и Ватикан. 
    - НУБ е и домот на дигиталната библиотека. Набавивме врвна опрема за дигитализација и интензивно ќе продолжат и процесите на конзервација, реставрација и дигитализација на пишаното наследство - подвлече министерката. 
    Библиотеката го одбележа јубилејот и со изложбата „Од ризницата на НУБ“.
     
       

    Автор: М.П.Г.

    Извор: “Нова Македонија“

      Фотографија: Maja Јаневска-Илиева

     

    Views: 256 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024