Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 2:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 10 » МПЦ побара воведување на веронауката
    6:13 AM
    МПЦ побара воведување на веронауката

    МПЦ побара воведување на веронауката

    Во свети Климент имаме севременски национален и црковен стожер, во кого се сосредоточени и нашето минато и нашата иднина, имаме лидер што во себе ги собира времињата и вековите, генерациите и личностите, имаме отец што ни ги доближи небото и вечноста, рече најмладиот владика Јосиф

     

    Делегација на Владата положи венец на споменикот на свети Климент Охридски

    ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 

    Да ја учиме и да ја воспитуваме младината на вредностите на православната вера, со што ќе ги извадиме од челуста на современиот релативизам и либерализам. Тоа најдобро ќе го направиме ако веронауката ја воведеме како редовен предмет во нашето образование. Ова е пораката што вчера ја пренесе најмладиот владика Јосиф, надлежен за тетовско-гостиварската епархија во Синодот на Македонската православна црква-ОА, по завршувањето на утринската литургија во Соборниот храм во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на свети Климент Охридски. 

    Според него, во свети Климент имаме севременски национален и црковен стожер, во кого се сосредоточени и нашето минато и нашата иднина, имаме лидер што во себе ги собира времињата и вековите, генерациите и личностите, имаме отец што ни ги доближи небото и вечноста.

    - Да не ги заборавиме принципите на светeцот, да му бидеме верни на Бога и да го живееме делото на љубовта, ние, свештениците, да бидеме ревносни и предани како нашиот архипастир и архијереј, да го употребуваме доследно јазикот со кој неговите и наши учители, светите Кирил и Методиј, му дадоа смисла на словенството и го истакнаа достоинството на словенските народи од Моравија и Панонија до Киев и Владивосток, па на југ сѐ до Охрид и Пелопонез, да бидеме добри деца, зашто родителот се радува кога неговите чеда се единствени и сложни, да ја чуваме и слушаме црквата и да ги почитуваме одредбите на црковното предание - нагласи владиката Јосиф. 

    Делегација на Владата, во чиј состав беа министрите за култура и за транспорт и врски Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески и заменик-министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски положија венец на споменикот на свети Климент Охридски пред Соборниот храм.

    Делото на светецот е вонвременско 

    Г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, завчера на свечената академија во МАНУ, пак, истакна дека свети Климент се утврдил преку добриот подвиг на верата и така станал наш Мојсеј и втор Павле, изведувајќи го својот род од ропството на темнината и незнaењето, постојано трудејќи се народот да постане црква, а црквата да стане народ.

    - Неговиот празник треба да биде наш најпрославуван, не само верски туку и национален празник. Треба и мора свети Климент да стане и повеќе и да биде позначаен во секојдневието на православниот Македонец, и на општествен заеднички и на приватен личен план - рече архиепископот.

    Според премиерот Никола Груевски, делото на свети Климент е вонвременско, универзално по својата големина и значење и е привилегија тоа што можеме да го следиме неговиот пример и делото што го создал во многу поинакво и потешко време од денес.

     - Тој бил пример за ширење единство и меѓусебно почитување. Неговото дело ни покажува дека со единство, меѓусебно почитување и со цврста волја може многу да се постигне и дека не треба да нѐ обесхрабрува ниедна пречка, која може да се чини непремостлива. Кога можел свети Климент во едно исклучително тешко време да постигне толку многу, зошто да не можеме и ние денес - изјави премиерот. 
    Домаќинот на свечениот собир, академик Владо Камбовски, го нарече духовен корен и стебло на нашата култура и самобитност, порачувајќи дека празнувањето на светителите е вистинско кога се следат нивните свети дела и кога се сака и бара вистината.

    Тројца добитници на државната награда 

    По повод празникот вчера беше доделена и истоимената државна награда за оваа година, која ја добија историчарот Амет Шериф, биохемичарот Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата.
    Одлуката ја донел одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Витомир Митевски.

    За ректорот на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, Стојковски, наградата е од големо значење, затоа што е висока државна награда, а истовремено го носи и името на еден од основоположниците на словенската писменост и образование.

    - Денес сум посебно среќен што дадов придонес во образованието во Македонија и што во изминатите 25 години учествував во образованието на голем број генерации студенти, давајќи им и знаење и покажувајќи им го вистинскиот пат во животот. Да се образова не е лесно, не е лесно и да се воспитува и токму затоа да се биде професор не е обична професија. Тоа е професија што трае цел живот. Тоа е мисија на младите луѓе да им се дадат знаење и образование - рече Стојковски.

    Историчарот Шериф изрази верување дека наградата е резултат на неговото 35-годишно работење во една обемна научна институција, каде што придонесувал со своите научни трудови и обрaзование.
    Наградата „Свети Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес за нашата држава.
     
       

    Автор: Радмила Заревска / radmila.z@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 267 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025