Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:41 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 10 » Пишувањето монографија е како копање бунар со азно
    7:13 AM
    Пишувањето монографија е како копање бунар со азно

    Пишувањето монографија е како копање бунар со азно

    Двете монографски дела на Иванова - „Михајло Николовски - нашиот папа Франк“ (издание на СОКОМ) и книга за Македонската филхармонија по повод 70 години од основањето ќе бидат промовирани до крајот на годинава

     

    ТИНА ИВАНОВА, МУЗИКОЛОГ И ПУБЛИЦИСТ 

    Музикологот Тина Иванова до крајот на месецов ќе промовира две монографски дела - „Михајло Николовски - нашиот папа Франк“ (издание на СОКОМ) и книга за Македонската филхармонија по повод 70 години од основањето, чија промоција е закажана за 15 декември. И двете книги се поддржани од Министерството за култура. Иванова е авторка и на публицистичкиот труд „Документ 103“ и на романот „Кругови“. Додека работела на двете нови публикации, вели дека најважно ѝ било да ги извлече есенцијалните сегменти, да не ги оптоварува страниците со непотребни детали, а крајниот производ да бидат книги какви што самата сака да прочита.

    Работата на монографија бара сериозно истражување и посветеност. Што ви беше примарен фокус?
    - Првата монографија е посветена на Михајло Николовски, еден од најзначајните македонски композитори и музички педагози, односно еден од реформаторите на музичкото образование, а излегува по повод 80 години од раѓањето и 20 години од неговата смрт. Монографијата „70 години Македонска филхармонија“, пак, ја работевме заедно со музикологот Роза Нолчева-Ангеловска. 
    Да се пишува монографија за животот и творештвото на еден човек или за една институција со толку долг стаж е исто како да се копа бунар полн со азно, ама за да дојдете до него треба да се помачите. Потребни се огромна посветеност, време, трпеливост и најважно - јасна визија за она што сакате да го постигнете. Мојата цел беше да се извлечат најбитните сегменти, да не пишувам колку да напишам, да не ги оптоварувам страниците со непотребни детали, туку тоа да бидат книги какви што јас сакам да читам - напишани во есеистичко-публицистички манир, без сирова статистика. Книгите се пишувани со новинарски принцип на работа, истражувачки, полни со изјави од современиците, но и со искази пронајдени во архивите, од битни луѓе што имале директна или индиректна корелација со животот и делото на Николовски, односно со поставувањето на темелите и со развојот на првата национална музичка институција. Сакам да копам по минатото, но и да ги забележувам денешните случувања, и од тоа да направам колаж, кој можеби понатаму ќе биде некому од корист, ако сака да истражува во оваа насока.

    Во македонското музиколошко творештво има многу празнини што треба да се пополнат. На што се должи тоа, на недоволната ангажираност на музиколозите или на апатичниот однос на институциите?
    - И на двете. И ние, музиколозите, сме инертни, секој нешто друго работи, оти мора, за да преживее, а музиколошката работа ја остава настрана, што е тажно. Од друга страна, пак, државата многу тешко наоѓа слух за музичката наука, иако е од круцијално значење. Дури сега, во последниве години, почна да се наѕира едното окце на хоризонтот, ама за да излезе целиот човек на копното, ќе треба уште многу да се направи. Македонија е единствена земја што нема претставник, музички уметник, композитор или музиколог сеедно во редовите на МАНУ, што нема музиколошки институт, концертна агенција, музичка литература, не само домашна туку и преводна. Нема списанија за култура, нема музички документарни филмови. А има толку многу материјал што чека да биде научно обработен и валоризиран. Музикологијата не е само занимавање со основите на класичната музичка уметност, иако само тоа се изучува во образовните центри, туку таа подразбира сѐ што се однесува на музичката наука, ги третира сите нејзини жанрови, категории, поткатегории, ја третира музиката од филозофски, социолошки, културолошки, естетски, историски, политички аспект... 

    Многу често во јавноста може да се чуе мислењето дека кај нас не постои музичка критика, иако во однос на онаа за другите уметности е најзастапена во медиумите. Но доволно ли е тоа, потребен ли е поголем акцент?
    - Се разбира дека е потребен. Но, за да постои здрава музичка критика, треба да постои и здрава медиумска клима, но и здрав образовен систем. Во дневните печатени и во електронските медиуми постои таа т.н. импресионистичка критика, која секако не значи дека не е стручна, а која ѝ се обраќа на пошироката популација. Акцентот во медиумите е на дневнополитичките настани, а културата е на крајот, доколку не е поврзана со политиката. Недоволно ја има музичката критика, нема рецензии за концерти кога тие не им се познати на оние што ја уредуваат политиката на медиумот, затоа што тоа не продава весник. Нема рецензии за албуми, без разлика на која музичка култура ѝ припаѓаат: класичната музика, рок, поп и сл. Нема сеопфатни анализи за одредена музиколошка проблематика. Има многу причини зошто е така. И критиката е огледало на општественото уредување, и таа е дел од некаква политичка манипулација. Се чини дека таа, не само кај нас туку и во светот, полека изумира. Не се цени нејзината вредност, не се верува на стручното мислење. 

    Членка сте и на СОКОМ, задоволна ли сте од статусот во ова здружение и како тоа се грижи за афирмација на музиколошкото творештво? 
    - СОКОМ првенствено се грижи за композиторското творештво. Но, за среќа, во него членуваат и музиколози и етномузиколози, и во последниве две-три години ѝ се даде поголем акцент на музикологијата. Композиторското творештво почна да се третира и од музиколошки аспект, се прават нарачки за аналитички есеи или на музички рецензии што се однесуваат на македонските уметници. Тие потоа се објавуваат во единственото специјализирано списание за музика „Музика“, кое, за жал, излегува само еднаш во годината. Актуелниот претседател на СОКОМ, Сони Петровски, има волја, колку што е во можност, се разбира, да ја турка напред оваа по малку заборавена професија и да ја извади на виделина. Колку што ми е познато, во моментов се подготвува обемен проект во кој треба да се вклучат сите музиколози и етномузиколози и конечно да придонесат во тоа да се пополни големата празнина во домашната музичка литература.

    Минатата година инициравте и отворање веб-страница - Центар за музикологија (cem.com.mk). Задоволна ли сте од досегашната работа на веб-страницата, во која насока ќе се развива центарот?
    - ЦЕМ се формираше благодарение на разбирањето на Министерството за култура. Беше замислен да ја развива музичката наука, но прво треба да се направи архивирање и база на податоци, да се постави некаков темел, а потоа да се редат тулите. Веб-страницата моментно добро функционира, тоа е портал што пред сѐ информира, но можат да се најдат навистина добри, стручни анализи за одредена музичка дејност. Се надевам дека ЦЕМ ќе биде иницијална каписла за будење на музикологијата, за формирање на тој толку неопходен музиколошки институт.
     
       

    Автор: Ивана Нолчева / ivana.n@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 319 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024