Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:28 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 12 » Корените на библиотечната традиција досегаат до средниот век
    3:45 AM
    Корените на библиотечната традиција досегаат до средниот век

    Корените на библиотечната традиција досегаат до средниот век

    НУБ располага со голем број словенски, турски, арапски и персиски ракописи напишани на хартија и пергамент, од 12 до 19 век, како и со стари и ретки книги, списанија и географски карти, од кои значителен дел се дигитализирани и се достапни за сите заинтересирани, вели Заров

     

    Иван Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“

    Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е една од првите библиотечни институции, формирана со одлука на АСНОМ, на 23 ноември 1944 година, што ја прави врсник на македонската државност. По повод 70-годишниот јубилеј, таа се закити и со Орден за заслуги за Македонија. Со својот богат книжевен фундус библиотеката е вкоренета во темелите на целокупниот културен, научен и интелектуален подем на македонската државa, подвлекува нејзиниот директор Иван Заров. 

    Кои се клучните точки и премрежиња низ кои минувала библиотеката од почетоците до денес?
    - Тоа што библиотеката е врсник на асномска Македонија е доволен аргумент колку тогашната политичка и интелектуална елита придавала важност на формирањето на една ваква институција. За тоа сведочат имињата на првите директори на кои со гордост се сеќаваме: Георги Шоптрајанов, еден од најблескавите интелектуалци и ерудити, Епаминонда Попандонов, првиот повереник за просвета во Президиумот на АСНОМ, Емануил Чучков, првиот доктор по геoграфски науки, и Митко Зафировски, писател и општественик, во чиј мандат е подигнат стариот дел од сегашната зграда. Библиотеката е вкоренета во темелите на општествениот, културниот, научниот и интелектуалниот подем на македонската државa, но и на нејзиниот академски растеж.
    Фондот при нејзиното формирање изнесувал околу 150 илјади библиотечни единици, најголем дел наследени од Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет, која имала околу 10.500 наслови. За време на Втората светска војна, кога Македонија била анектирана од Царството Бугарија, таа е одредена за депозитна библиотека на бугарската книжна продукција. НУБ го наследила и скромниот простор на Централната библиотека и во повоениот период станала една од осумте југословенски депозитни библиотеки. Во моментот на земјотресот од 1963 г. фондот има околу 500 илјади единици, од кои голем дел, целосно или во голема мера бил уништен или оштетен. Залагањето на вработените и поддршката од голем број библиотеки во светот придонеле за обнова на материјалот. Со изградбата на новата зграда во 1972 г. целокупниот книжен фонд е преселен во новиот објект и почнува нова етапа во историјата на библиотеката. Во 2009 г. е отворена новата модерна зграда со дополнителни 3.000 квадратни метри, каде што се сместени специјалните збирки, виртуелната библиотека и центарот за дигитализација. 

    Корените на македонската библиотекарска традиција се од патронот св. Климент Охридски, кој ја формирал првата манастирска библиотека во „Св. Пантелејмон“ во Охрид. Како НУБ се надградува на оваа вековна традиција?
    - Не можам да не ја подвлечам онтолошката нишка со која ние, нивните потомци, и кореспондираме со нивниот духовен завет, обликувајќи го сопствениот светоглед и однос кон традицијата, преку непрекинатиот духовен дијалог со минатото. Македонија е неразделен дел на „Slavia Orthodoxa“ - метаисториската заедница на сите словенски православни народи, преку која Кирилометодиевата и Светиклиментова традиција ја осмислуваат и ја реализираат својата духовна интеракција со византиската цивилизација. Најголемата заслуга на нашите првоучители е што преку сопствениот творечки гениј ги пренеле и ги синтетизирале есенцијалните идеи на византиската култура на старословенски јазик и го вовеле словенскиот род во семејството на цивилизирани народи. 

    Со колку библиотечни единици располага НУБ денес?
    - Вкупниот фонд достигнува над три милиони (книги, весници, списанија, музикалии, географски карти, дробен печат итн.) Библиотеката е најголемата ризница на различни публикации добиени како задолжителни примероци од сè што е испечатено и издадено во Македонија од 1944 година до денес, по пат на меѓународна размена со над 120 странски библиотеки, како и преку купување публикации од светската издавачка продукција. 

    Една од најголемите вредности на библиотеката се старите ракописи. Што би издвоиле како врвна вредност?
    - Словенските ракописи опфаќаат широк хронолошки дијапазон почнувајќи од многузначниот и сложен 13 век, преку периодот на туркократијата, сѐ до преродбенскиот 19 век. Во библиотеката има над 200 словенски ракописи, од кои дел се пергаментни. Како особено значајни се зачуваните преписи од литературни дела на најзначајниот средновековен писател Климент Охридски, како и на неговиот најблизок соработник Наум Охридски. Најстари и најзначајни се ракописите од археографската збирка: „Фрагмент од посен триод“ на пергамент од 13 век, ракописите од 14 век, „Бенчевското четвороевангелие“ со минијатури и богата орнаментика од почетокот на 16 век. Ракописните книги имаат теолошка и литургиска конотација, а сосема ретко, посебно во 19 век, се среќаваат ракописи низ кои провејува граѓанска, профана обоеност на речта. Пишувани на словенски јазик, во многу од нив се среќава и живиот народен македонски говор, како најдобар показател за значењето на нашиот идентитет и традиција, особено во периодот кога не постоела македонска државност. 

    Неодамна е отворена и новата дигитална библиотека. Имате ли податоци за нејзината посетеност? 
    - Дигитализирани се голем број словенски, турски, арапски и персиски ракописи, напишани на хартија и пергамент, од 12 до 19 век, како и стари и ретки книги, списанија и географски карти. Со тоа и јавно се достапни за сите заинтересирани преку интернет-порталот dLib.mk. Отворени се профили и на Фејсбук и на Твитер, а порталот е регистриран и на сите поважни пребарувачи. Популарноста постојано се зголемува и веќе достигнува 10 илјади посети годишно. Ќе набавиме и нова опрема за дигитализација, што ќе овозможи нејзино уште поуспешно функционирање.

    Како ги осовременувате начинот на работа и пристапноста до читателите? 
    - НУБ настојува да ги следи трендовите на современото библиотекарство и да биде во дослух со новите активности на ова поле. Корисниците на библиотеката имаат на располагање електронски каталог COBISS/OPAC. Имаме и интернет-читалница со бесплатен пристап до Интернет, како и универзитетска читалница во која може да се користат учебници, зборници, општи и специјализирани енциклопедии, лексикони и др. Библиотеката ги следи меѓународните стандарди во оваа дејност и дава препораки за нивна примена во сите библиотеки во државата. Организираме и обуки за професионално оспособување преку кои библиотекарите се здобиваат со стручни знаења.
     
       

    Автор: Мимоза Петревска Георгиева / mimoza.p@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

      Фотографија: Maja Јаневска-Илиева

     

    Views: 341 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024