Индија и Русија преминуваат на плаќање во рубљи и рупии!
„Време е Русија и Индија во меѓусебната трговија да преминат на плаќање во националните валути“, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
Непосредно пред посетата на Њу Делхи, тој за индиската агенција ПТИ кажал дека руската банка ВЕБ и индиската Ексим банк оф Индија веќе преговараат за давање кредити на потенцијалните инвеститори во рубљи и рупии.
Претходно амбасадорот на Индија во Москва Пунди Шринвасан Рагвахан исто така изјави дека двете земји ја разгледуваат можноста за трговија во националните валути бидејќи тоа ќе овозможи зголемување на стоковната размена.
Москва веќе се договори за преминување на плаќање во националните валути со Кина, Виетнам и други земји.
Извор: “МКД“
|