Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 8:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 13 » Пронајдена критика за „1932“ - првата стихозбирка на Рацин
    4:44 AM
    Пронајдена критика за „1932“ - првата стихозбирка на Рацин

    Пронајдена критика за „1932“ - првата стихозбирка на Рацин

    Историографијата не би била жива наука ако не се потруди да открие и да понуди нешто ново. А тоа може да се појави кога било и каде било, па дури и на запрашените полици од некоја антикварница

     

    Во луксузно загрепско списание од 1935 година 

    Во нашето културно живеење достоинствено се одбележуваат значајните датуми поврзани со појавата и дејноста на родоначалникот на современата македонска поезија Кочо Рацин и неговата збирка стихови „Бели мугри“, објавена во 1939 година. Чествувањата потсетуваат на конкретни поводи: на 7 ноември, кога Рацин тргнал од Велес за Хрватска за печатење на збирката, и на 25 ноември, кога во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор излегле 4.000 примероци од книгата чија социјална и револуционерна порака, само три дена по излегувањето, ја поттикнала полицијата на нејзино забранување и запленување. Сите прослави во Велес и во Самобор се темелат на 1939 година, како меѓник во објавувањето на првата стихозбирка на македонски јазик. Така е со години, но историографијата не би била жива наука ако не се потруди да открие и да понуди нешто ново. А тоа може да се појави кога било и каде било, па дури и на запрашените полици од некоја антикварница.

    Така поодамна е откриено дека Кочо Рацин и уште двајца други поети-работници (А. Аксиќ и Ј. Ѓорѓевиќ) во Скопје уште во 1932 година објавиле збирка песни под наслов ист како годината на издавањето - „1932“. Појавата на оваа „работничка лирика“ веднаш го побудува интересирањето на критиката за неа. Па, ако за излегувањето на оваа (заедничка) книга на Рацин, седум години пред официјално прифатената година на излегување на „првата книга поезија на македонски јазик во 1939 година“, литературната јавност не кажа речиси ништо, неодамна, пак, преку „антикварните пронајдоци“ во едно списание за литературна критика беше пронајдена и прва литературна критика за оваа заедничка поетска книга на тројцата поети-револуционери. За ова, дефинитивно, ниту се знае ниту е напишано нешто. Имено, во необично луксузно и со тврди корици (за тоа време!) списание „Современи книжевни и културни проблеми“, во број 6-7, издадено во 1935 година од „Епоха“ во Загреб, литературниот критичар Н. Костин, покрај повеќето прикази и осврти за литературните појави во тој период, се осврнува и на поетската збирка „1932“ на тројцата поети-работници.

    Само по себе заслужува почит фактот што една поетска книга на поети-работници издадена во Скопје побудува интерес кај литературната критика во Загреб. Тоа го потврдува значењето на нејзината појава. Не се помалку значајни и оценките на рецензентот Костин. Тој низ целиот текст изразува почит кон поезијата на поетите-работници, која „иако во повој, сепак означува особено важен момент во изградбата на една нова култура и нов живот“. Тој на поетите им забележува што подлегнуваат на беспомошните лелекања искажани од поетите од старата малограѓанска класа: на Аксиќ за неговите беспомошни жалби од „дождот што секој ден паѓа, за дождот што носи очај и бол...“, а кај Ѓорѓевиќ, пак, му пречи неговото тагување поради „несреќата што се родил во ова вакво време-невреме“. Избегнувањето од потпаѓање под таквиот лирско малограѓански хаос критичарот го гледа во „и онака добрите стихови на Рацин, особено во песната „Огномет“. Единствениот начин работникот-писател да се спаси од потпаѓање на туѓите и штетни идеи, Костин го наоѓа во постојаното и темелно запознавање на идејата на својата класа и во цврстата поврзаност со неа. Затоа, продолжува тој, поетите во оваа збирка се најсилни тогаш кога се најблиску до својата класа, до нејзиниот поглед на свет и нејзината борба. Затоа, кај Рацин, оценува тој, најдобри се оние стихови што се плод на активистичкиот оптимизам на неговата класа, повторно цитирајќи поголем дел од песната „Огномет“. 

    Историските факти остануваат непобитни: Рацин и „Бели мугри“ го означуваат почесното место во раѓањето и создавањето на современата поезија на македонски јазик (1939 година). Но никој не би се откажал од новооткриени сознанија и факти, кои говорат дека сето тоа се случило седум години порано. Стихозбирката на Рацин и неговите двајца другари поети-работници и оценката за неа се непобитен факт што треба да се цени и да се почитува.

    (Авторот е новинар)

     
       

    Автор: Сталин Лозановски

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 395 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024