Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:33 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 16 » ФОТО: МОНОГРАФИЈА „70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА“
    2:09 AM
    ФОТО: МОНОГРАФИЈА „70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА“

    ФОТО: МОНОГРАФИЈА „70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА“ 

     

    ФОТО: Киро Попов

    Македонската филхармонија го одбележа седумдецениското постоење со промоција на монографија во која низ документи, фотографии и сведоштва е раскажан развојот на оваа најстара музичка институција - од нејзиното формирање во 1944 до денес.

    Монографијата „70 години Македонска филхармонија“ од авторите Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска е објавена со поддршка на Министерството за култура и за неа министерката Елизабета Канческа-Милевска на денешната промоција рече дека е импозантно издание во кое на речиси 300 страници се испишани личните доживувања на сите што учествувале во создавањето на оркестарот. 

    - Монографијата е документ во кој е прикажан растежот на институцијата, изведбата на повеќе од 400 симфониски дела со најзначајните имиња на денешницата, впечатливите настапи низ целиот свет - референците на Македонската филхармонија со кои се гордееме сите. Публикацијата сведочи и за денешните успеси на оркестарот, за грандиозните проекти, зборува за визиите, идеите и за идните предизвици, рече Канческа-Милевска.

    Авторките се музиколози кои ја следат работата на Филхармонијата во изминатите 20-ина години, а за основањето и првите години од постоењето истражувале од архивата на Филхармонијата и претежно од написите и рецензиите што низ годините се објавувани во дневниот печат.

    - Книгата ја пишувавме така како што самите сакавме да ја читаме, во есеистичко-публицистички манир, без сирова статистика иако таа постои во самите приказни. Прашањето беше што да се стави во една книга од илјадници концерти и уште толку солисти и диригенти кои стапнале на подиумот на Македонската филхармонија. Целта ни беше да го извлечеме најсуштинското, најважното, па и најатрактивното дури и за оние читатели на кои музиката не им е животна определба, рече Иванова.

    Коавторката Нолчева-Ангеловска додаде дека 70-те години опишани во публикацијата се плод на макотрпна работа на сите вклучени во организирањето на концертите, не само на тие во уметничкиот дел, туку и на луѓето од администрацијата.

     

    - Благодарение на публиката која редовно ги посетува концертите на Филхармонијата секој четврток, тоа е причината зошто овој оркестар постои и создава величствена музика, рече Нолчева-Ангеловска, заблагодарувајќи им на сите музичари, диригенти и вработени во Филхармонијата кои ја вложиле енергијата и креативноста во оваа институција. 

    Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ соопшти дека јубилејот ќе биде прославен и со концерт на 18 декември во МОБ, на кој како солист ќе настапи рускиот пијанист Борис Березовски, а диригент ќе биде неговиот сонародник Дмитри Лис. 

    По повод 70 години постоење Македонската филхармонија неодамна доби и Орден за заслуги за Македонија од Претседателот на Република Македонија. 

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 283 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024