Путин ја опколи Америка, која полека ја напуштаат партнерите, војната ќе почне пред крајот на 2015
САД наскоро ќе се најдат сами очи во очи со сите нации во светот. Крајот на САД е блиску и оваа статија го докажува тоа. Некои ќе се согласат, а некои нема да се согласат со тоа. Меѓутоа, причините што доведуваат до овој заклучок се апсолутно реални и добро документирани.
Руско-кинеските енергетски договори
Надуеноста на Западот при воведувањето на санкциите спрема Русија поради Украина речиси тера на смеење. Овие санкции ќе се вратат како бумеранг и ќе ја уништат американската економија, што ќе доведе до Трета светска војна.
Енергијата го претставува срцето на американската економија и на петродоларот, а Русија и Кина тукушто склучија договор без доларот. Овој договор, вреден 400 милијарди долари, претставува симболичен чекор во одвојувањето на трговијата со јаглеводородното гориво од доларот, бидејќи се сведува на плаќање во локалните валути, рубљи и јуани. Кога беше склучен овој договор, речиси една третина од планетата се раздели од доларот.
Како ова да не е доволно, БРИКС исто така ја напаѓа американската економија, воспоставувајќи нова развојна банка за државите на БРИКС со седиште во Шангај, Кина, при што првиот директор на банката ќе биде од Индија. БРИКС го доби името по своите држави-членки – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. БРИКС исто така размислува за отворање заеднички инфраструктурен фонд со прилив на капитал од 100 милијарди долари за меѓусебни вложувања.
Турскиот договор за гас со Русија е вистински пресврт
Договорот за гас што Турција тукушто го потпиша со Русија претставува уште еден добро осмислен чекор на Путин. Иако Турција официјално не го напушти НАТО, немојте да се залажувате, таа веќе го направи тоа.
Турција и Русија се долгогодишни ривали, уште од Студената војна и појавата на Трумановата доктрина во 1947 год. Овој договор е голем удар за НАТО и за САД зашто Турција не е само клучен сојузник на НАТО, туку и основа на сите американски напори да се изолираат руските цевководи. Ситуацијата дојде до таму што во случај на Трета светска војна, Америка би морала да го уништи овој цевковод, што би значело дека Турција ќе стане воен сојузник со Русија.
„Јужен тек“ требаше да поминува низ Црно Море, Бугарија, Србија и Унгарија до Австрија и понатаму на запад, додека неговата алтернатива, цевководот „Набуко“, требаше да ги поврзува Австрија, Унгарија, Романија и Бугарија со Турција и со Азербејџан.
Вториот цевковод пропадна зашто САД не обезбедија пари за неговата изградба, но не обезбедија ни извор на гас. Дали може да ги изброите многуте членки на НАТО што сега ќе останат без гас? Кога се гледа од воена перспектива, овие нации ќе претставуваат тампон-зона меѓу Русија и НАТО-сојузничките – Германија, Франција, Италија и Велика Британија.
Мотивацијата на Германија, Франција и на Италија да го напуштат НАТО
Евентуалното дезертерство на Германија, Франција и на Италија е лесно да се предвиди.
Клучните сојузници на НАТО станаа заложници на Путин и на неговата енергетска уцена. Замислете дека сте го зеле телефонот в раце за да го погледнете именикот, а таму веќе нема ниеден контакт. Токму тоа им се случува постепено на САД.
Велика Британија се двоуми во врска со Светската војна
Америка е на работ да го изгуби својот најблизок и најважен сојузник, Велика Британија.
Пред Виенската конференција за влијанието на нуклеарното оружје врз човештвото, членовите, главно Британци, изразија стравување поради можноста од нуклеарна војна. Учесниците на конференцијата изјавија дека е „неопходна итна акција за елиминирање на ризикот од нуклеарна војна“. Дури и генералот Џејмс Картрајт, поранешен претседател на Здружениот генералштаб на САД, го потпиша следново писмо:
„Тензиите меѓу нуклеарните држави и сојузи во областа на Евро-Атлантикот, во јужна и источна Азија, стануваат потенцијали за воена ескалација“, пишува во писмото до Себастијан Курц, министерот за надворешни работи на Австрија.
„Овој факт ги соочува лидерите со неминовната потенцијална закана и со недоволно време за реализирање меѓусебна комуникација“.
Погореспоменатото писмо значи дека САД нема да бидат поддржани ако светот тргне кон Трета светска војна. Америка набргу ќе остане сама.
Евроазиската економска унија (ЕАУ)
Развојот на руските договори за гас кренаа на нозе поголем дел од стариот Советски Сојуз. Како митскиот Феникс, Советскиот Сојуз ќе се подигне од пепелта. ЕАУ е економска унија што ја сочинуваат Белорусија, Казахстан и Русија.
Нивните лидери на 18 ноември 2011 година потпишаа договор заради воспоставување на Евроазиска унија до 2015 година. Киргистан и Таџикистан исто така изразија интерес за приклучување. Интересно е што грузискиот премиер Биџина Иванишвили во септември 2013 година изјави дека Грузија размислува за предностите на приклучувањето кон ЕАУ. Исто така во септември 2013 година Ерменија ја објави својата намера да се приклучи кон ЕАУ. Западот не смее да го дозволи создавањето на оваа унија зашто таа ќе доведе до нерамнотежа на моќта во светот.
Путиновата стратегија на „матирање“ на Америка
Не само што Путин го поткопа НАТО и ја остави Америка да се бори сама за себе, туку истовремено составува тим што ќе изврши напад врз САД. Како што напредува, кризата сè повеќе потсетува на филмот „Крвава зора“ (Red Dawn) од осумдесеттите години. Вчудовидува тоа што Обама никако не успеа да го спречи создавањето на латиноамериканско-рускиот сојуз наменет за инвазија на САД.
1. Според извештајот на Стратегиската фондација за култура од март 2014 година, Даниел Ортега, никарагванскиот лидер, изјави: „Многу сме благодарни и ја цениме поддршката на рускиот народ за нашата држава“. Ортега го прифати пристигнувањето на два руски стратегиски бомбардери и додаде дека ќе има уште. Русија и Никарагва ги зајакнаа своите стратегиски економски и воени односи.
2. Аргентинската претседателка Кристина Фернандез е решителна во намерата да развие блиски економски односи со Русија, повикувајќи ја Русија да вложи во проектите со гориво низ очигледен напад на петродоларот. Фернандез исто така го поддржа Путин во решението да го анектира Крим, барајќи за возврат Русија да го поддржи анектирањето на Фолкландските Острови од страна на Аргентина.
3-5. Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа ја пофали Русија како „голема нација“ кога ја посети Москва во октомври 2013 година. Путин навистина заслужи пофалба зашто вети дека ќе вложи 1,5 милијарди долари во новите домашни енергетски проекти во Еквадор. Кореа исто така изјави дека оваа држава планира да купи руска воена опрема. Русија потпиша договори со Венецуела и со Боливија вредни неколку милијарди долари, според кои ќе ги снабдува овие држави со воено оружје. Во оружјето се вклучени и авиони и хеликоптери.
6. Бразилскиот министер за одбрана, Селсо Аморим, изјави дека, покрај купувањето воена опрема, Бразил сака да основа стратегиско партнерство со Русија, кое е засновано врз заеднички развој на технологијата. Факт е дека Бразил најави дека сака да купи краткодострелни ПВО Панцир С1 проектили и Игла-С рачни проектили од Русија. Бразил претходно купи 12 Ми-35 борбени хеликоптери. Русија и Бразил исто така потпишаа договор за продажба на 36 борбени авиони на Бразил. Аморим рече дека Русија и Бразил ќе работат и на вселенската технологија, како и на одбрана од сајбер-напади.
7. Новоизбраниот претседател на Ел Салвадор, Санчез Серен, потпиша со Путин договор наречен „Федерален закон за ратификација на договорот за основите на односот“, во кој се заколнува на економска и воена соработка. Серен инаку е самопрокламиран марксист-ленинист и е мошне антиамерикански настроен.
Лидерите на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави (ЦЕЛАЦ) и Русија ја објавија намерата за воспоставување постојан дијалог за „синхронизирање на положбата за меѓународните прашања“. ЦЕЛАЦ вклучува 33 држави од Јужна и Средна Америка, без САД и Канада. Дали ова ве потсетува на нешто?
8. Путин доби одобрување од раководството на Куба „на островот да се постават најновите подвижни стратегиски нуклеарни проектили“. Неодамна еден руски брод пристигна на Куба.
Ако Путин продолжи да работи по свое, ќе стане американски кошмар. Тоа што многумина од нас не го сфаќаат е дека постои централен банкарски картел и луѓе што навистина ги водат финансиите на планетата. Централните банки како Федералните резерви се само средни менаџери креирани за да служат. Конфликтот што се наближува е поврзан со зачувувањето на централното банкарство како меѓународен елемент на контрола.
Претстојната Трета светска војна ќе ги збрише сите ривалски економии и од хаосот ќе настане ред, Новиот светски поредок.
Зошто Обама не реагира на опколувањето од страна на Путин? Ако тој навистина го претставуваше народот, ќе реагираше и немаше да дозволи Русија економски, но и воено да ја опколи Америка. Изгледа дека тој е само уште еден претседател што не го гледа заговорот за капитулација на Америка.
Заклучок
Изгледа дека 2015-та година ќе биде година во која Путин ќе го доврши формирањето на ЕАУ и ќе го оформи сојузот со нациите на БРИКС. Тоа значи дека војната веројатно ќе се случи при крајот на 2015 или во почетокот на 2016 година. Големи се шансите дека ќе биде во прашање нуклеарна војна.
Дејв Хоџис
Извор: “МКД“
|