Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 20 » Путин: Западот го притиска единството на Словените (ВИДЕО)
    3:50 AM
    Путин: Западот го притиска единството на Словените (ВИДЕО)

    Путин: Западот го притиска единството на Словените (ВИДЕО)

    Претседателот на Русија Владимир Путин изјавил дека словенските земји се во тешка економска позиција и дека поради тоа Западот силно влијае врз нив, пренесува Раша тудеј.

    Портпаролот на претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров прашал дали е можно обединување на словенските народи на Србија, Белорусија, Полска и Чешка за заедно да настапуваат на меѓународен план.

    „Тие се во тешка економска позиција и зависат од западните притисоци. Тие влијаат и врз нас, но врз нив уште посилно. Но јас знам дека кај народот постои желба за културно и духовно единство и таа нема да исчезне“, одговорил Путин.

    Путин не дал конретен одговор на прашањето дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата во 2018 година, истакнувајќи дека сѐ уште е рано за таква одлука.

    „Рано е за кој било да донесе одлука за изборите во 2018 година. Треба да се работи во интерес на граѓаните, и врз основа на резултатите да се донесе заклучок кој ќе оди на избори“, кажал Путин.

    На прашањето како ги коментира изјавите на поранешниот шеф на Јукос, Михаил Ходорковски, дека речиси е подготвен да се кандидира на претседателските избори, иако ветил дека нема да се занимава со политика, Путин одговори со контрапрашање: „А каде ќе се кандидира?“

    „Ходорковски, кога бараше да биде помилуван, кажа дека нема намера да се занимава со политика. Тоа е негов избор, како и на секој друг човек“, додал Путин.

    Путин кажал дека не знае колкава му е платата на позицијата претседател на државата. „Тие ја испраќаат на сметка, дури не ја ни бројам“, кажал Путин.

    По распадот на СССР бевме отворени за соработка

    „По падот на Берлинскиот ѕид и распадот на СССР, бевме отворени кон своите партнери. За возврат видовме само како ги поддржуваат терористите на северен Кавказ“, истакнал рускиот претседател.

    „Западот Русија ја гледа како мечка, и тие би сакале таа мечка да ја оковаат во синџири за тивко да седи и да јаде мед, а однесувањето на Западот е обид на таа мечка да ѝ се отстранат забите – прашањето е дали ние сакаме да станеме препарирано животно?“, ги прашал Путин новинарите. „Нема да бидеме кадифено мече“.

    Јубилејната десетта годишна конференција за новинарите на рускиот претседател заврши по три часа и десет минути, а Путин одговорил на 39 прашања на новинарите.

    Годинава конференцијата траеше еден час помалку од лани, пренесуваат руските агенции, истакнувајќи дека сѐ уште е недопирлив рекордот од 2008, кога тој зборуваше четири часа и 40 минути.

    Путин го обвинил Западот за империјалистичко однесување и истакнал дека сака „западните партнери да сфатат дека најдобриот пат за светот е да се престане со градењето ѕидови и да се изгради обединет хуманитарен простор“.

    „Западните партнери решија дека тие се империја, а останатите вазали, кои треба да се притискаат. По падот на Берлинскиот ѕид тие не сопреа, се случија два брана на проширување. А противракетниот систем покрај нашите граници? Зарем тоа не е ѕид? Во тоа е и најголемиот проблем во денешните меѓународни односи, тие не сопреа, туку решија дека се победници. Не престанаа да градат ѕидови, без оглед на нашите обиди да соработуваме без никакви линии на поделба во Европа и во светот како целина“, кажал рускиот претседател.

    Путин избегнал да одговори на директно прашање на украински новинар за руската интервенција на истокот на Украина, а не одговорил ни колку руски војници има во Украина, колку оружје е испратено таму и колку луѓе загинале.

    Наместо тоа, тој зборувал за насилната и нелегитимна промена на режимот во Киев и истакнал дека во судирите на истокот на Украина учествуваат „доброволци, а не платеници“.

    „Кризата мора да биде завршена со политичко решение во склад со основните меѓународни принципи, во кои спаѓа и правото на самоопределување. Нема сомнеж дека украинскиот претседател сака решение, но тој не е единствениот таму и слушаме дека има и такви што сакаат да војуваат до крај. Украина е таа што спроведува казнена воена операција, а не Русија“, истакнал Путин.

    Не се плашам од државен удар

    Рускиот претседател кажал и дека не се плаши од државен удар, бидејќи ја има поддршката од големо мнозинство од граѓаните.

    Новинар на Ројтерс го прашал колку е сигурен во своето опкружување и дали има ризик од државен удар.

    „Последниве денови гледаме длабока криза на руската валута, која лесно може да прерасне во економска и финансиска криза. Знаеме дека за сѐ што се случува Вие сакате да обвинувате некои надворешни сили. Јас исто така знам дека луѓето што ја претставуваат елитата, луѓе од Вашето опкружување, се најинформираните луѓе во Русија, и често се склони да Ве обвинуваат токму вас, како човек што 15 години ги донесува клучните одлуки“, констатирал новинарот.

    „Кажете ги имињата“, кажал Путин со насмевка, на што новинарот му кажал дека не може да ги открие своите извори.

    „Го имаме Кремљ, кој е добро заштитен и тој е фактор на нашата стабилност. Но стабилноста е заснована врз поддршката на големо мнозинство од граѓаните на водењето на надворешната и внатрешната политика“, кажал Путин. „Луѓето со срцето и душата чувствуваат дека сѐ што правиме ние, и јас, го правиме во корист на големото мнозинство граѓани на Руската Федерација“, додал Путин.

    Америка ѝ создава закани на Русија

    Путин денес ја обвинил Америка дека ѝ создава закани на Русија и кажал дека Москва сака американската страна да ги почитува нејзините интереси и безбедноста.

    Новинар на Би-би-си му кажал на Путин дека западните земји се едногласни дека повторно почнала студена војна за која е заслужен и самиот Путин и го прашал рускиот претседател дали може да каже дека е подготвен за конструктивно решение на ситуацијата во Украина.

     

    „Вие велите дека Русија придонесува кон растот на тензиите во светот. Но Русија само пожестоко ги брани своите национални интереси. Ние не напаѓаме. Ние немаме воени бази низ целиот свет. Тоа го имаат Американците. А незадоволството на нашите западни партнери, пред сѐ американските, е поврзано со тоа што ние ги штитиме нашите национални интереси. Русијa е во право во Украина, а не Западот“, кажал Путин.

    Извор: “МКД“

    Views: 285 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024