Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 2:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 23 » „ПРЕД ДОЖДОТ“ МЕЃУ 500 НАЈРЕВОЛУЦИОНЕРНИ ФИЛМОВИ
    2:02 AM
    „ПРЕД ДОЖДОТ“ МЕЃУ 500 НАЈРЕВОЛУЦИОНЕРНИ ФИЛМОВИ

    „ПРЕД ДОЖДОТ“ МЕЃУ 500 НАЈРЕВОЛУЦИОНЕРНИ ФИЛМОВИ 

    Швајцарскиот Филмски центар Филмподиум од Цирих го вброи македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 500. најреволуционерни филмови во историјата на кинематографијата.

    „Пред дождот“ е рамо до рамо со сите најзначајни филмски остварувања, од „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс до „Рашамон“ на Акира Куросава, од Фелини и Бергман до Хичкок и Кјубрик, соопшти „Банана Филм“.

    „Пред дождот“ е прикажан овој месец, а серијата во Цирих насловена „Првиот век филм“ ќе трае дури 10 години.

    Во воведот на Филмподиум се вели: „Манчевски стручно си игра со текот на времето, само во можноста на паралелизам или дупки тој гледа излез од спиралата на насилството.“

    „Пред дождот“ претходно се најде и на листата на „Њујорк Тајмс“ на 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Филмот има освоено над 30 високи награди, меѓу кои Златен лав во Венеција, номинација за Оскар во Холивуд, награда на УНИЦЕФ, на ФИПРЕСЦИ, Златен кондор во Аргентина, награди во Шведска, Бразил, Русија, Турција, Белгија.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 333 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024