Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2014  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2014 » December » 30 » Јас сум син на емигрант!
    4:54 AM
    Јас сум син на емигрант!

    Јас сум син на емигрант!

    Циклусот содржи дваесетина дела масло на платно и претставува рефлексија од животот на татко ми, кој беше протеран од егејскиот дел на Македонија во 1948 година и голем дел од својот живот го поминал по домови за деца-бегалци во Ташкент. Се обидувам низ ликовна призма да го изразам она што го фиксираше мојот поглед кога направив кратка ретроспектива во минатото, кога се вратив во годините на моето детство, загледувајќи се во него со малку поинакви очи

    КОНСТАНТИН КАЧЕВ, СЛИКАР И МУЗИЧАР

    Константин Качев (р. 1967 година) е сликар, конзерватор и музичар, во чие портфолио се вбројуваат голем број изложби во земјава, но уште повеќе во странство. Светската ликовна критика не штеди пофални зборови за неговите дела. Качев неодамна го доби и сребрениот медал на Есенскиот ликовен салон во познатиот париски музеј „Гран пале“. Претходно го има добиено и бронзениот. Неговите дела ги красат галериите во големите уметнички центри: Москва, Њујорк и Париз. Качев беше ангажиран и во сликањето на ѕидовите на новиот објект на Македонскиот народен театар. Делата на овој автор, заедно со оние на уметникот Синиша Кашавелски, неодамна ги преполнија со посетители двата павилјона на Културниот центар на Софискиот универзитет. 

    Во Софија се претставивте со циклусот „Емигрант“ - изложба што предизвика голем интерес кај публиката. На што треба да нѐ упати насловот на поставката?

    - Во „Емигрант“ се крие една приказна што ги засегнува луѓето од овие простори, а акцентот е ставен на егзодусот на Македонците. Циклусот содржи дваесетина дела масло на платно и претставува рефлексија од животот на татко ми, кој беше протеран од егејскиот дел на Македонија во 1948 година и голем дел од својот живот го поминал по домови за деца-бегалци во Ташкент. Се обидувам низ ликовна призма да го изразам она што го фиксираше мојот поглед кога направив кратка ретроспектива во минатото, кога се вратив во годините на моето детство, загледувајќи се во него со малку поинакви очи. Пред 27 години на свој грб почувствував што значи да се биде емигрант. И ако ме прашате што си ти, со гордост ќе одговорам - јас сум син на емигрант! 

    Колку ви е важно вашите дела да остварат контакт со публиката?
    - Многу е важно, најважно би рекол. Затоа што ако гледачот не остварил никаков контакт со сликата, ако не ја почувствувал - тогаш делото не е докрај успешно. Мислам дека тоа може да се случи само ако авторот не е искрен во своите чувства. Самото платно тоа го чувствува и го пренесува. Платното и гледачот не можеш да ги излажеш. 

    Останувате ли доследен на фигуративноста?
    - Во периодов најмногу сликам портрети, исто така и актови, но тие не се класично претставување на голото тело. Портретите ми помагаат да се изразам на свој начин, барајќи го она вистинското. Погледи, емоции, композиција - тоа ме интересира, тоа е областа во која сакам ликовно да истражувам.



    Сте изложувале насекаде од Њујорк, Париз преку Москва, Лион до Минхен и Берлин..., а помалку дома. Зошто?
    - Да, доста е долга листата на изложбите. Дури поголем број од нив се реализирани во странство, не зашто не сакам да се претставувам дома, туку затоа што странските поставки се многу комплексни и обемни, па не останува многу време. И мислам дека е полесно да се направи изложба надвор отколку тука. Парадокс? Да. Но така е. Ликовната сцена како збир на автори, критичари и менаџери е многу бледа и бедна слика. Причина за тоа се недоволните финансии, отсуството на желба да се работи поради недостигот на пари, недостигот на актуелни информации и немањето медиумска и менаџерска поддршка. Се издвојуваат по десетици, илјадници евра за евтини манифестации, но не и за сериозни проекти. Уметниците се оставени сами на себе. Во последно време работите како да се придвижуваат, но треба уште многу работа.

    Може ли денес уметникот да си дозволи да живее исклучиво од уметност?
    - Министерството за култура со своите активности малку посериозно почна да го пополнува вакуумот, но прекуноќ работите нема да се сменат. Потребни се радикални промени. 

    Не сте само сликар, туку и музичар. Член сте на еден од најголемите македонски хевиметал-бендови „Санаториум“, кој по долги години пауза најави нов албум...

    - Желбата е голема, а време има сосема малку, но поради љубовта кон музиката и сѐ што направивме досега, решивме да продолжиме, да се доискажеме, би рекол... Крадеме понекоја минута од нашето слободно време за да вежбаме, ги подготвуваме песните и тие ќе се појават на цеде. Важно е дека пристапот е еднакво сериозен како порано, дури сега некако позрело гледаме на работите. 
     
       

    Автор: Ивана Нолчева / ivana.n@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 307 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024