Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 1 » БИГОРСКИОТ МАНАСТИР ЌЕ ГО ВОСКРЕСНЕ МЕТОХОТ „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИИЛ“
    5:49 AM
    БИГОРСКИОТ МАНАСТИР ЌЕ ГО ВОСКРЕСНЕ МЕТОХОТ „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИИЛ“

    БИГОРСКИОТ МАНАСТИР ЌЕ ГО ВОСКРЕСНЕ МЕТОХОТ „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИИЛ“

    Заживувањето на духовниот живот во манастирот „Собор на светиот архангел Гавриил“ би било дело од големо национално значење, зашто така би се обновил уште еден споменик на нашата духовна култура и црковна историја

     

    Киро Кипроски



    Пред некој ден, игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј, во придружба на монаси и на сестринство од метохот на Раичкиот манастир, го запали кандилото во разурнатиот манастир посветен на светиот архангел Гавриил. Остатоците на манастирот се наоѓаат на стрмнините на планината Рујница, кон границата со Р. Албанија, помеѓу дебарското село Џепчиште и струшкото село Луково, а се пристигнува по козја патека.

    Иако се останати само урнатини на некогашниот манастир, сепак остатоците говорат за многу значаен и вреден црковен комплекс. Манастирот влева чувство на спокој и безмолвие, а наоколу се' уште е видлив благословот на некогашните монашки молитви. И којзнае каква радост беше за светите ангели, но и за душите на монасите што се подвизувале, повторно беше запалено кандило во отларот на нивната црква, со голема радост ни говореше старецот Партениј, кој по седумдесетина години за првпат го запали кандилото, кое ќе свети, ќе ги споменува монасите и најави дека ќе се обнови монаштвото, духовноста, литургиите... 

    Со добивањето на решението од Министерството за финансии за повраток на имотот на „Св. архангел Гавриил“, Бигорскиот манстир и официјално стана сопственик на ова духовно светилиште, со што беше исправена многугодишната неправда.

    Речиси деценија и половина се водеше постапка пред надлежните комисии за денационализација. Сите потребни документи, според Законот за денационализација беа обезбедни, комплетирани и без никакви забелешки беше извршен повраток на национализираниот црковен имот.

    - Тапиите кои се однесуваат на сопственоста на имотот на манастирот „Собор на светиот архангел Гавриил“ во месноста Манастирец, беа пронајдени од страна на струшкиот свештеник отец Ристе Наумовски во Охридскиот архив, кој барајќи матерјали за својот магистерски труд, по Божја промисла дошол на овие документи, ни вели архимандритот Партениј и додава: Тие се датирани од времето на Кралска Југославија, поточно од 1939 година, и всушност со нив се докажа дека имотот, кој содржи околу 650 хектари, е сопственост на манастирот. Уште во 2001 година, како израз на својата доверба, нашиот надлежен митрополит, Неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј ни го додели овој бигорски метох, потврдувајќи ја уште еднаш нашата соработка, изразена преку обострана почит и разбирање, бидејќи беше уверен дека нашето братство ќе даде се од себе за да заживее литургискиот живот таму. Нешто подоцна беше поведена постапка за враќање на имотот во владение на Црквата и благодарение на Законот за денационализација, метохот му беше вратен на Бигорскиот манастир.

    Како во 1999 година, кога монашкото братство на Бигорскиот манастир ги освети темелите и ја започна изградбата на манастирот „Свети Ѓеорѓиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, а за две години успеа да го изгради и освети манастирот. Темелите беа поставени врз стариот манастир кој беше запуштен, претворен во штала за добиток, во педесетите години на минатиот век, поради негрижата и забот на времето беше неупотреблив. Со љубов, истрајност, работа и верба во Бога се' се може. Така размислуваат монасите на Бигорскиот манасир и веруваат дека и овој пат Бог ќе им помогне во нивниот ангажман и со молитви да го возобноват метохот посветен на Свети архангел Гаврил. 

    Остатоците од некогашните ѕидови на манастирот сведочат дека станувало збор за голем и прекрасен храм, кој бил уникатен по својот изглед и содржина. Остатоците говорат дека под самата црква се наоѓале монашките ќелии, што е реткост. Но, за жал, манастирот настрадал во времето на Втората светска војна, кога бил гранатиран и срамнет со земја. Тоа било всушност новоизградена црква во 20-тите години на ХХ век, која била изградена врз темелите на постар манастирски храм, подигнат веројатно во ХIV век. Според сведоштвата таму некогаш имало богат монашки живот.

    Игуменот на Бигорскиот манастир смета дека заживувањето на духовниот живот во манастирот „Собор на светиот архангел Гавриил“ би било дело од големо национално значење, зашто така би се обновил уште еден споменик на нашата духовна култура и црковна историја. Меѓутоа, за такво нешто се потребни многу средства, со кои Бигорскиот манастир во моментов не располага. Но, монасите искрено се надеваат и се молат да се најдат благочестиви дарители кои ќе се вклучат во обновата на манастирот, стекнувајќи го со тоа благословот и молитвената заштита од светите ангелски сили. Познато е дека македонскиот народ отсекогаш ги љубел и ги помагал православните светињи, па затоа и веруваат дека таквата љубов и посветеноста кон Бога ќе продолжи и во денешно - наше време, убеден е отец Партениј.

    Вратениот имот со денационалиацијата се простира на околу 650 хектари, претежно се шуми, има овоштарник и ливади. Со оглед на тоа дека повеќе од 70-ина години беа напуштени и никој не водел грижа, се обраснати со грмушки и треви. Бигорскиот манастир во рамките на своите можности ќе започне да ги стопанисува дел по дел. Но, целата површина да се стави во ред, како што доликува на манастирски имот, потребно е подолг временски период и материјални средства, смета игуменот Партениј.

    Манастир со прекрасен и уникатен храм

    Според историските податоци манастирот „Собор на светиот архангел Гавриил“ датира веројатно од ХIV век, со извесни прекини опстојувал до Втората светска војна. Последниот манастирски храм настрадал во текот на војната, кога, како што се знае, бил погоден од граната, која целосно ја разрушила големата купола. Оттогаш манастирот бил оставен на забот на времето. Сепак грандиозните ѕидини на прекрасниот и уникатен по својата архитектура храм се' уште сведочат за некогашниот богат духовен живот. Познато е дека во 20-тите години од минатиот век овде живеел и се подвизувал монахот Калист, кој воедно се смета и за еден од возобновителите на манастирот и на последниот храм.

    Монасите на Бигорскито манастир ќе се грижат за големиот имот и заедно со честивиот македонски народ ќе го обноват ова некогаш значајно духовно светилиште во западниот дел на Македонија.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 316 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024