Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 1 » МНР на Русија за акцијата Пуч: Недозволиви се противуставни државни удари
    5:28 PM
    МНР на Русија за акцијата Пуч: Недозволиви се противуставни државни удари

    МНР на Русија за акцијата Пуч: Недозволиви се противуставни државни удари

    Очекуваме дека овој настан ќе биде предмет на  темелна истрага во интерес на стабилноста и на безбедноста во Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија по вчерашното објавување на акцијата Пуч на македонската полиција.

    „На 31 јануари органите за ред и мир на Македонија информираа за спречување на обид за државен удар. Според државното раководство на таа земја, во организирањето на неуспешниот пуч биле непосредно вовлечени лидерот на најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а исто така и странски разузнавачки служби.

    Ги повикуваме сите политички сили во земјата да дејствуваат во рамките на уставните демократски институти, а постоечките проблеми да ги решаваат по пат на дијалог. Било какво разнишување на состојбите во пријателската Македонија носи ризик за опасно заострување на меѓуетничките тензии во земјата. Повторно се потврдува актуелноста на рускиот предлог за усвојување, во рамките на ОБСЕ, на документ за недозволивост на противуставни државни удари“, соопшти МНР на Русија.

    Руската Федерација, барем кога станува збор за Македонија, многу ретко дава вакви официјални соопштенија врзани за внатрешните проблеми на земјата.

    Извор: “МКД“

    Views: 356 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024