Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-18, 5:02 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 3 » Белиот нуркач е птица на зимата
    5:16 AM
    Белиот нуркач е птица на зимата

    Белиот нуркач е птица на зимата

    Броењето на птиците се врши на претходно одредени локации, со помош на двогледи и на телескопи. На секое езеро се одбираат локации што овозможуваат најдобро покривање на водната површина

    Изброeни се 40.000 птици од 30 различни вида на 52 локации

    ЗИМСКОТО БРОЕЊЕ НА ВОДНИ ПТИЦИ ДАДЕ ИНТЕРЕСНИ РЕЗУЛТАТИ

    Над 40.000 птици од 30 различни вида на 52 локации се изброени на зимскиот цензус на водни птици, организиран од тим професионалци и волонтери на МЕД, кој се одржа на 17 и 18 јануари. Се броеше на Охридско, Преспанско и на Дојранско Езеро, како и на Мантово Езеро, Велешко Езеро, браната Паљурци и блатото Ѓол, близу селото Богородица.
    - Видовите водни птици што ги среќаваме за време на цензусот се комбинација од птици што се гнездат и живеат во Македонија во текот на целата година и преселни птици што доаѓаат од Северна Европа. Оваа година бевме пресреќни дека видовме гусковидна патка и бел нуркач, бидејќи овие два вида ретко ги гледаме. Но важно е да утврдиме и каква е состојбата со другите преселни птици, како патката превез, сивата патка, црвеноглавиот кожувар, цуцулестиот кожувар, четриоката патка, дивите патки, малиот нуркач, цуцулест нуркач, како и пеликаните и кормораните. Идеални локации за птици се оние каде што нема преголемо вознемирување од луѓето, има доволно храна и поволни живеалишта. Годинава најмногу птици беа изброени на Охридско Езеро, што е и очекувано ако се има предвид неговата големина, а локацијата со најголема густина на јата птици беше блиску до Асамати, на Преспанско Езеро - изјави Ксенија Путилин од МЕД. 

    БЕЛИОТ НУРКАЧ НАЈПТИЦА

    Белиот нуркач е избран за птица на зимскиот цензус на водни птици и како добитник на титулата птица на зимскиот цензус ќе биде официјална маскота на следните активности поврзани со птици на МЕД во 2015 година 
    - Најмногубројни птици на зимскиот цензус, како и секоја година, се лиските што живеат кај нас во текот на целата година, преселните видови птици, пак, не е толку лесно да се предвидат. Нив може да ги има една година, па да ги нема, и тоа зависи од многу фактори како климатските услови, состојбата со водните екосистеми кај нас, нивното ловење, изобилството или недостигот од храна и слично. Затоа е многу важно да се продолжи со оваа активност и да се соберат доволно податоци од кои ќе можеме да извлечеме трендови и заклучоци за преселните водни птици - додава Путилин.
    Броењето на птиците се врши на претходно одредени локации, со помош на двогледи и на телескопи. На секое езеро се одбираат локации што овозможуваат најдобро покривање на водната површина. 
    - Работењето на терен за време на зимскиот цензус е секогаш предизвик поради променливите и неповолни климатски услови, ладно време, снегови, мраз или, како оваа година, дожд. Сепак, ако видливоста над езерските води е добра, работата мора да продолжи, бидејќи нашиот тим работи во координација со тимовите од Грција и од Албанија и сите зависиме едни од други за да добиеме добри податоци. Наша голема предност беше тоа што имавме сериозни и посветени волонтери, па цензусот успешно се спроведе - вели Путилин.

    ВКЛУЧЕНИ ДВАНАЕСЕТ ВОЛОНТЕРИ

    Покрај собирањето научни податоци, целта на зимскиот цензус е да ја зајакне и прошири групата на волонтери што се заинтересирани за проучување или за набљудување птици. Годинава на зимскиот цензус учествуваа дванаесет волонтери што се запознаа со миграторните водни птици.
    - Многу добро си поминав на цензусот, се изненадив колку видови птици може да се видат само во два дена. Навистина би сакал да учествувам повторно и в година - вели Никола, кој е дел од волонтерите на зимскиот цензус. 

    Иако Бисера веќе четврти пат учествува на овој цензус, за неа секоја година е поинаква и посебна. 
    - Секогаш има многу интересни птици, а јас секоја година поуспешно ги препознавам - вели Бисера.
    Стандардната методологија на зимскиот цензус подразбира придржување кон претходно дефинирано време, период од годината и локации на истражување и броење. 
    - Ова е од клучно значење за цензусот да има научна (статистичка) важност, т.е. преку евиденција на зимските птици-преселници и нивната бројност по должината на нивните преселни патишта се дефинираат трендовите на нивните популации. Дефинирање тренд на популацијата на некој вид бара долгогодишно набљудување и собирање податоци. Сите флуктуации во трендовите на популациите на видовите се показатели за некакви промени (достапност на храна, промени во живеалиштата, загадување на животна средина итн.), рефлектирани преку бројноста на набљудуваните видови птици. Колку поголема покриеност на водните екосистеми на територија на Македонија, толку порепрезентативни се нашите податоци - изјави Данка Узунова, национална координаторка на зимскиот цензус за Македонија. 


    Зимскиот цензус во 100 држави

    Зимскиот цензус на водни птици е меѓународна активност и се спроведува од 1967 година на повеќе од 25.000 локации во повеќе од 100 држави. Во секоја држава националните координатори соработуваат со мрежа на професионални и аматерски бројачи. Повеќе од 15.000 луѓе годишно испраќаат податоци и затоа цензусот претставува пример за граѓански активизам во научни цели со најголем број учесници.


     
       

    Автор: Сања Јачевска / sanja.j@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 318 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024