Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-11-21, 8:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 5 » Манастирец европски рекордер по хуманост
    10:36 PM
    Манастирец европски рекордер по хуманост

    Манастирец европски рекордер по хуманост

    Во општината се згрижени рекорден број деца (44) во згрижувачки семејства, што е зголемување за 18 деца споредено со претходната година. Од овие 44 деца, 24 се во селото Манастирец, додека 20 се наоѓаат во згрижувачки семејства во Македонски Брод

    Лицата во згрижувачки семејства во с. Манастирец

    Зголемен бројот на деца во згрижувачки семејства во Македонски Брод

    Добро позната вистина е дека општината Македонски Брод значајно внимание им посветува на хуманитарните активности, по што е позната во многу пошироки рамки. Особено е за истакнување тоа што до неодамна во општината беа згрижени најголем број деца во згрижувачки семејства, 26. Годинава оваа општина го зголеми нивниот број и моментално таму се згрижени рекордни 44 деца, додека селото Манастирец е можеби и европски рекордер по хуманост, бидејќи во ова село дури 24 деца се наоѓаат во згрижувачки семејства.
    - Иако сме една од посиромашните општини во државава, сепак водиме посебна грижа за хуманоста, па сега со гордост можеме да кажеме дека во нашата општина имаме рекорден број деца 44 во згрижувачки семејства, што е зголемување за 18 деца споредено со претходната година. Од овие деца, 24 се во селото Манастирец, додека 20 се наоѓаат во згрижувачки семејства во Македонски Брод - вели Жарко Ристески, раководител на општинскиот центар за социјални работи.

    Рекордерот по бројот на згрижени деца во своето семејство Ѓорѓи Милошески од селото Манастирец и понатаму е меѓу најхуманите луѓе во земјава, бидејќи тој во своето семејство, покрај биолошките, има згрижено уште три деца.
    - Во моето семејство долги години се згрижени три деца, од кои едно е веќе цели 11 години кај мене, додека друго дете девет години се наоѓа во мојот дом. Главната причина за да ги чуваме овие деца беше чувството да им се помогне на лица кога им е најтешко и кога тоа им е најпотребно. Дури до тој степен сме соживеани со овие деца, што ќе ни биде многу тешко кога еден ден ќе мора да се разделиме - вели големиот хуманист Ѓорѓи Милошески, пензионер од селото Манастирец.

    Тој ни посочи дека во неговото село годинава четири нови семејства се впишани во списокот на згрижувачи, од кои еден поштар и еден административен работник во општината Македонски Брод. Дури нѐ потсети дека традицијата ја продолжува и неговиот син, покрај своето, има згрижено и едно дете.
    - Не само што не се откажуваме од хуманоста туку им ја пренесуваме и на помладите генерации, така што и мојот син Златко во своето семејство има згрижено дете без родителска грижа. Инаку, да ве потсетам дека во нашето село редовно доаѓа лекар, а минатата година во селото нѐ посети и специјалист-ортопед. Ние немаме проблеми да обезбедиме храна за децата, бидејќи во најголем дел самите ја произведуваме од нашите ниви - додаде Милошески.

    За потребите на децата згрижени во селото Манастирец е отворен и дневен центар за деца со посебни потреби.
    - Во селото Манастирец подолг период работи и дневен центар за деца со посебни потреби. Центарот секојдневно го посетуваат единаесет деца, додека четири деца одат на училиште во редовна настава. Преостанатите девет деца поради тежината на инвалидитетот 24 часа престојуваат кај семејствата каде што се згрижени. Убав пример е негувателката во дневниот центар во селото Манастирец, Мара Трпевска, која, како и многу нејзини соселани, се најде на списокот згрижувачки семејства и, покрај за своето биолошко, се грижи и за дете со посебни потреби - додаде раководителот Ристески, од чија посветеност се презадоволни семејствата што се грижат за овие деца. 
    Во зависност од инвалидитетот на децата, овие семејства добиваат од 7.000 до 12.000 денари. Радува фактот што овој износ од јули ќе биде зголемен за 25 проценти, што деновиве го потврди и лично министерот Диме Спасов.
     
       

    Автор: Зоран Антоски

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 322 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024