Почина Маријанти
Jа викаа Маријанти питачката, но таа тоа не беше. Битола и не би била она што е ако не би постоеле урбаните ликови и легенди, приказните и нереалните вистини но и болните човечки судбини.
Таа беше родена во горниот дел на градот. Девојка на која и позавидуваа и оние, поимашните кои за разлика од неа, басмата ја купуваа во Солун.
Беше прва за причестување на сите литургии. Последните години, скршена од векот, ја подигаа заедно со инвалидската количка. Но остана упорна во својот завет.
Маријанти. Можеби "најдосадната" жена по битолскиот Широк Сокак која упорно ни недостига.
Извор: “тера.тв“
|