„Билд“: Штом Меркел и Оланд одат во Москва, тоа значи дека Путин победил
Фактот што раководителите на Германија и Франција одат во Москва на средба за разрешување на украинската криза, потврдува дека Владимир Путин победил, пишува германскиот весник „Билд“.
Според изданието, украинските воени сили „ до толкав степен се притиснати во агол, што претседателот Порошенко очигледно е подготвен да потпише практично сè, што би можело да стави крај на тој ужас, вклучително ако освен Крим, Украина загуби уште делови од својата територија“, населена претежно со руско и русофонско население, посочува „Билд“.
„Сите сакаат мир и се надеваат дека и Русија го сака истото“, изјави по средбата во Киев меѓу Меркел, Оланд и Порошенко, портпаролот на германската влада.
http://makfax.com.mk/svet/evropa/bild-stom-merkel-i-oland-odat-vo-moskva-toa-znaci-deka-putin-pobedil
Извор: “Макфакс“
|