По тој повод делегации на Сојузот на борците на градот Куманово, АРМ, локалната самоуправа , политичките партии, училиштето што го носи името на народниот херој и многу граѓани пред бистата на еден од најголемите кумановски народни херои Х.Т. Карпош положија букети свежо цвеќе.
За ликот и делото на народниот херој Карпош пред присутните говореше Благе Јакимовски, секретар на Сојузот на борците од Куманово, кој меѓу другото рече дека благодарение на НОБ и на народните херои кои ги загубија своите животи за слободата ние денеска имаме своја држава во која што
мирно и безбедно живееме.