Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 9 » Лавров во одбрана на припојувањето на Крим: Обама греши, на Косово немаше референдум! (ВИДЕО)
    3:57 AM
    Лавров во одбрана на припојувањето на Крим: Обама греши, на Косово немаше референдум! (ВИДЕО)

    Лавров во одбрана на припојувањето на Крим: Обама греши, на Косово немаше референдум! (ВИДЕО)

    На Крим беше спроведен принципот на самоопределување утврден со Повелбата на ОН, изјавил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, нагласувајќи дека на Косово немало референдум.

    „На Косово немаше никаков референдум. Иако Обама неодамна изјави дека таму сè е совршено, дека имало референдум. Таму немаше референдум! Како ни кај многу други. Германија се обедини без референдум, ние тоа активно го поддржувавме“, рекол Лавров одговарајќи на прашањата од учесниците на Конференцијата за безбедност во Минхен.

    Според него, на Крим во најраната фаза на кризата Десен сектор се обидел да се пробие и да ги заземе административните згради, но тоа „народните патроли“ не го дозволиле.

    „Спроведоа референдум за независност, а потоа го покренаа прашањето за присоединување кон Русија“, рекол Лавров.

    Рускиот министер за надворешни работи рекол дека постојат меѓународни правила што „понекогаш различно се толкуваат, а разни активности повремено добиваат директно спротивна интерпретација“.

    „На Крим се случи со она што е предвидено со Повелбата на ОН – самоопределување. Во Повелбата на ОН постојат неколку принципи и правото на народите на самоопределување има клучно место, а должно е да се почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет“, рекол Лавров, пренесува ТАСС.

    Руската агенција наведува дека по овие зборови на шефот на руската дипломатија во салата завладеала живост, а тој им советувал на присутните внимателно да ја прочитаат Повелбата на ОН.

    „Генералното собрание усвои декларација во која ја објаснува корелацијата на основните принципи на меѓународното право. Таму е потврдено дека суверенитетот и територијалниот интегритет се неприкосновени, дека земјите што претендираат нивниот суверенитет да се почитува треба да ги почитуваат правата на народите што живеат во тие држави. И да не се дозволи спречување на правото на самоопределување со употреба на брутална сила“, рекол Лавров.

    Зборувајќи за Украина, Лавров потсетил дека беше потпишан договор со претседателот Виктор Јанукович, кој го потврдија и министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска, а кој предвидуваше формирање влада на национално единство.

    Наредниот ден, рекол тој, беа нападнати резиденцијата на Јанукович и владината зграда, а беа запалени згради и луѓе на плоштадот во Киев, Мајдан.

    „Го снема Јанукович и сега може да се грабне власта по оружен пат без оглед на националното единство? Тоа е неприфатливо“, рекол Лавров и додал дека владата на национално единство требало да подготви нов устав и врз основа на него да спроведе избори.

    „Наместо тоа (сегашниот украински премиер Арсениј) Јацењук тргна на Мајдан, велејќи: ‘Честитајте ни и јас ви честитам вам - формиравме влада на победници‘“, рекол Лавров.

    На крај почнаа да ги задушуваат акциите на протест во областите на истокот на Украина, рекол Лавров.

    „Кој кого нападна? Дали Доњецк и Луганск тргнаа во напад на Киев? Не. Таму беше испратена воена група и почна со обидите со сила да воспостават власт“, додал тој.

    Лавров претходно во обраќањето на конференцијата во Минхен рекол дека случувањата од претходната година ја потврдиле исправноста на предупредувањето на Москва за присуство на длабоки и системски проблеми во организацијата на европската безбедност и во меѓународните односи во целина.

    „Конструкцијата на стабилност, заснована на Повелбата на ОН и принципите од Хелсинки, одамна е поткопувана со постапките на САД и на нивните сојузници во Југославија, која ја бомбардираа, во Ирак, во Либија, со проширувањето на НАТО кон исток, со формирање нови линии на поделба“, рекол шефот на руската дипломатија потсетувајќи на изјава на рускиот претседател Владимир Путин во Минхен пред осум години.

    http://youtu.be/YWsR_nkxfAY

    Лавров тоа го кажал реагирајќи на аргументите на неговите колеги дека наеднаш се случило забрзано уривање на повеќедеценискиот светски поредок.

    „Проектот на градење ‘паневропски дом’ не успеа токму поради тоа што нашите партнери на Западот не се раководеа од воведувањето отворена безбедносна структура со заемно почитување на интересите, туку од илузиите и верувањата во победник од ‘Студената војна’“, рекол Лавров.

    Тој исто така рекол дека разговорите меѓу рускиот претседател Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд би можеле да покренат национален дијалог во Украина.

    „Не верувам дека Европа може да си дозволи да го игнорира проширувањето на тој националистички вирус“, рекол Лавров во однос на развојот на ситуацијата во Украина.

    „Светот се наоѓа на крстопат“, рекол тој коментирајќи ги екстремистичките тенденции во светот и недостигот од соодветна меѓународна „безбедносна архитектура“.

    Тој рекол дека Западот, наместо вистинска, европска безбедносна структура обликувал илузија, затоа што се чувствува „како победник од Студената војна“ и оценил дека кризата е резултат на развојот на политиката во изминатите 25 години, чија цел е „Америка да доминира во меѓународните односи во Европа“.

     

    Зборувајќи за украинскиот конфликт, Лавров истакнал дека власта во Украина треба да дејствува за да се постигне единство во примената на „практичните аспекти“ од Спогодбата од Минск и дека потоа Русија, преку Советот за безбедност на ОН, сигурно ќе биде меѓу оние што ќе го гарантираат тоа.

    „Ако украинската влада тргнува од тоа дека сопствениот народ ѝ е непријател, тогаш таа мора и со тој непријател да преговара“, рекол Лавров.

    Извор: “МКД“

    Views: 308 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024