Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2024-11-25, 8:56 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 10 » Договор за ново повоено уредување на Земјината топка
    5:22 AM
    Договор за ново повоено уредување на Земјината топка

    Договор за ново повоено уредување на Земјината топка

    Според тоа, во Јалта трите сојузнички држави отворено ги обелоденија своите општи цели и претензии во однос на Германија. Врз основа на тоа, беа разгледани и определени воените планови на генералните штабови на трите армии и нивната координираност за дефинитивниот пораз на заедничкиот непријател

    СВЕТОТ 70 ГОДИНИ ПО КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ЈАЛТА

    Во почетокот на 1944 година веќе беше јасно дека Германија дефинитивно ќе ја изгуби војната. Состојбата на боиштата и очигледната воена надмоќ на сојузниците на фронтовите ја налагаа потребата од неизбежен договор за ново - повоено уредување на светот. Дипломатиите на трите држави; СССР, САД и Англија, кон крајот на 1944 година, го отворија и веќе интензивно го разгледуваа прашањето за нова средба на врвот меѓу претседателите, Сталин, Рузвелт и Черчил.

    По Техеранската конференција се случија мошне важни меѓународни настани и се отворија нови прашања, кои бараа итно одговор и договарање. Вооружените сили на сојузничките држави нижеа нови и нови победи. Советската армија го завршуваше прогонувањето на Вермахтот од сите источноевропски земји и практично беше на германските граници. За антихитлеровската коалиција се ближеше победоносниот час. Со својата актуелност на преден план веќе излегуваше потребата од соодветно уредување на односите меѓу европските држави по завршувањето на Втората светска војна.
    Главен дел од остварувањето и на таа задача требаше да понесе „големата тројка“, која го понесе и најголемиот товар во војната, вложувајќи и најголеми жртви во воени, човечки и материјални ресурси. Во принцип, таква средба прифаќаа тројцата лидери на сојузничките држави, но исто така од дипломатски аспект мошне важно и принципиелно беше и прашањето за времето и местото на одржувањето на средбата.

    Кон крајот на декември 1944 година, американскиот претседател Рузвелт, по претходни консултации со Черчил, на својот тогашен министер за надворешни работи Хариман му дава инструкции да ја извести советската страна дека САД прифаќаат средбата да се одржи во почетокот на февруари, наредната 1945 година во Јалта, познато советско одморалиште на црноморското крајбрежје, што беше личен предлог на Сталин. Конспиративното име на подготовките за оваа конференција, што дипломатиите и разузнавачките служби на сојузниците го употребуваа во периодот на подготовките, беше најнапред „Аргонаут“, а во завршната фаза пред самото одржување на конференцијата „Магнет“. Набргу, покрај местото (Јалта), беше одреден и датумот на средбата: од 4 до 11 февруари 1945 година.

    Втора средба 

    Ова беше втора средба на врвот меѓу највисоките раководители на трите велесили, по онаа во Техеран, одржана во ноември 1943 година. Двата состанока имаа цел заедничко усогласување на решенијата, како на планот на организацијата по конечната победа против Хитлер така и во наоѓањето заеднички прифатливи модалитети на повоената организација и устројство на меѓусебните и општите политички и економски односи и соработка меѓу земјите-победнички во војната, од една страна, и односот и релациите со поразената Германија на преостанатите земји-учеснички во војната, од друга страна. 
    Земјите-учеснички во договарањето најнапред консензуално се изјаснија дека сите воени дејства дефинитивно ќе престанат дури по апсолутната и безусловна капитулација на Третиот рајх.
    Според тоа, во Јалта трите сојузнички држави отворено ги обелоденија своите општи цели и претензии во однос на Германија. Врз основа на тоа, беа разгледани и определени воените планови на генералните штабови на трите армии и нивната координираност за дефинитивниот пораз на заедничкиот непријател. За таа цел се усогласени до детали роковите, обемот и начинот на реализација на завршните воени операции на секоја од армиите посебно, и на трите армии заедно, посебно во Европа.

    Поделбата на Германија

    Меѓу другото, на оваа историска конференција сојузниците сакаа 
    мошне темелно да го разгледаат и прашањето за воената окупација на Германија и контролата врз неа потоа. Рузвелт предлагаше нејзина поделба на 5-7 одделни држави, со што Черчил во принцип се согласуваше, но Сталин беше категорично против таква поделба. Конечно, беше решено СССР да го контролира источниот дел од Германија, Англија - северозападниот, а САД - југозападниот нејзин дел. Сојузниците исто така ја повикаа и Франција да учествува во окупацијата на Германија. Главниот германски град Берлин беше поделен според истиот принцип. Овде беше и седиштето на заедничката Централна контролна комисија, која, меѓу другото, ја имаше и функцијата на врховна власт за цела Германија. Во нејзин состав влегуваа главните команданти на вооружените сили на САД, СССР и на Англија, лоцирани на германска територија.


    Тркалезната маса и денеска сведочи за директните разговори меѓу светските лидери


    Јалта и денеска привлекува бројни гости


    Со низа сложности и значајна обременетост на вкупната актуелна меѓународна политичко-безбедносна ситуација, светот и Европа деновиве ја одбележуваат 70-годишнината на конференцијата одржана во Јалта на Крим, од 4 до 11 февруари 1945 година. Пред самото завршување на Втората светска војна, кога веќе беше јасно дека армиите на земјите-членки на антихитлеровската коалиција ќе им го нанесат решавачкиот удар на нацизмот и на Хитлер, погледите и очекувањата на целокупната светска јавност тогаш беа свртени кон следните чекори на лидерите на земјите-победнички во оваа најкрвава војна во светската историја и воспоставувањето мир и повоено уредување на меѓународните односи и соработка во Европа и во светот. Колку и да е парадоксално, но и по 70 години тие надежи и очекувања, сега на некои други генерации, не се докрај исполнети и сѐ уште постојат. Од тие причини во неколку продолженија ќе се навратиме на овој историски настан и неговите реперкусии од пред седум децении, кога очите и погледите на сиот свет во тоа време беа свртени кон Јалта - црноморско летувалиште во тогашниот СССР, во очекување на договор и решенија за својата подобра иднина.


        
    (продолжува)

     
       

    Автор: Драган Јањатов

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 266 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024