Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:06 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 10 » Голема експлозија во хемиска фабрика во Доњецк, војската „не знае што погодила“ (ВИДЕО)
    5:44 AM
    Голема експлозија во хемиска фабрика во Доњецк, војската „не знае што погодила“ (ВИДЕО)

    Голема експлозија во хемиска фабрика во Доњецк, војската „не знае што погодила“ (ВИДЕО)

    Прозорци биле искршени и куќи биле разнишани по голема експлозија во близина на хемиска фабрика во Доњецк на истокот на Украина. Украински пратеник ги пофалил силите на Киев дека ја погодиле својата цел – но изјавил дека „не знае што погодиле“, пренесува Раша тудеј.


     

    Моќната експлозија се случила синоќа во 10:50 минути по локално време. Локалната милиција тврди дека цел на гранатирањето на украинската војска била хемиската фабрика ДКЗХИ.

    Сведоците изјавиле дека небото „се запалило“ од експлозијата, додека голем број жители во близина на фабриката кажале дека прозорците на нивните добови биле искршени и дека ја почувствувале „земјата како се тресе“. Ударот го почувствувале и во помалите градови околу Доњецк.

    „Епицентарот на експлозијата беше во близина на ДКЗХИ“, напишал на својот фејсбук профил претседателот на Антикиевскиот фронт Константин Долгов. Фабриката е позната по производството на индустриски експлозиви, муниција и артилериски гранати и опрема. Ова не е првпат силите на Киев да ја гранатираат фабриката. Обиди за нејзино уништување имало и во септември и ноември.

    Проруските бунтовници изјавиле дека сѐ уште не се знае дали имало жртви, но дека пожарот кој ја зафатил фабриката по експлозијата не предизвикал опасност од истурање на хемикалии.

    „Пожарот е изгасен и нема опасност од истурање на опасни материи... Најверојатно гранатирањето беше извршено со артилериски гранати со голем калибар“, изјавил извор од бунтовничките сили.

     

    Украинската војска во близина на Доњецк распоредила неколку ракетни системи Смерч (БМ-30 торнадо) за гранатирање на областа, изјавил Борис Филатов, поранешен заменик претседател на индустрискиот Дњепропетровски регион и пратеник во Врховната рада, украинскиот парламент.

    Според Филатов, луѓето што ги испукале проектилите „не знаеле што гаѓаат, бидејќи нишанеле врз основа на координати“.

    http://youtu.be/ZuQ5EPnSE_4

    http://youtu.be/QY3PK4dPlvE

    http://youtu.be/6udEVCS7p7o

    Извор: “МКД“

    Views: 277 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024