Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 10 » Рекордно нерасположениe на Русите кон Западот
    5:48 AM
    Рекордно нерасположениe на Русите кон Западот

    Рекордно нерасположениe на Русите кон Западот

     

    Русите никогаш не биле толку непријателски расположени кон Западот од распаѓањето на Советскиот сојуз, покажа анкетата објавена во понеделникот, во атмосфера на речиси едногодишната криза во Украина, поради која односите меѓу Москва и Западот се симнаа на најниското ниво од завршувањето на ткн Студена војна.

     

    „Толкаво силно непријателство кон Западот немаме регистрирано откако ги спроведуваме истражувањата“, иzјавил за AFP директорот на независниот институт Левада, Лев Гудков, во врска со резултатите од анкетата којашто била спроведена кон крајот на јануари низ цела Русија.

    Дури 81 отсто од Русите имаат „многу лошо“ или „доста лошо“ мислење за САД, што е речиси двојно повеќе отколку една година претходно, се наведува во анкетата. Околу 42 отсто од испитаниците ги оцениле односите меѓу Москва и Вашингтон како „непријателски“, додека во истиот период од 2014 година вакво одговор дале само 4 отсто.

    Значително е вложено и, инаку позитивниот, став на руските граѓани кон европските земји за што негативно се изјасниле 71 отсто, или повторно двојно повеќе отколку пред една година.

    Не изненадува, доколку се имаат предвид настаните од пред речиси една година, и тоа што две третини од русите сега имаат лоши мислење за Украина, а речиси половината сметаа дека руско украинските односи ги карактеризира непријателството.

    Социолозите од институтот Левада сметаа дека одбојноста на русите кон Западот може да се протолкува и преку изразено непријателското и агресивно известување и на западните и на руските медиуми, а за домашното го оценуваат како „пропагандно“.

    „Доколку нема ексалација, доколку Русија не завојува со соседните земји, тој тренд ќе се сврти“, предвидува Гудков.

    Во ова истражување на јавното мнение забележливо е што огромен број од испитаниците сметаат дека САД ја поттикнале кризата во Украина и дека се мешаат во внатрешните работи на оваа славјанска земја со многу етнички Руси и руксојазични православни Украинци, која има историски и културни врски со Русија.

    http://makfax.com.mk/svet/evropa/rekordno-neraspolozenie-na-rusite-kon-zapadot

    Извор: “Макфакс“

    Views: 290 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024