Рејтингот на Путин достигна рекордни 85%
Рејтингот на доверба кон претседателот на земјата Владимир Путин во февруари достигна 85%, да ја поддржат неговата кандидатура на избори подготвени се 74%, сведочат податоците од анкетата на Фондот „Јавно мислење“, соопштува РИА Новости.
Според истражувањето, доколку претседателските избори во Русија би се одржале идната недела, тогаш 74% од анкетираните би гласале за Путин (во јануари 2015 година - 70%, во февруари 2014 година - 45%).
На рускиот лидер му веруваат 85% испитаници (во јануари 2015 година – 73%); дека добро си ја врши работата на местото претседател сметаат 84% а само 7% лошо.
Сѐ на сѐ, позитивно за Путин мислат 75% од Русите; и позитивно и негативно истовремено - 14%; исклучително негативно - 3%. Интересно е што попозитивно за шефот на државата мислат жени (78%), отколку мажи (71%), и луѓе постари од 60 години (80%).
Анкетата на ФЈМ е спроведена на 7-8 февруари во 204 населени места, 64 региони на РФ, на 3000 испитаници.
Извор: “Руска реч на македонски“
|