Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 18 » Исчезнува поствизантиската архитектура под Беласица
    0:06 AM
    Исчезнува поствизантиската архитектура под Беласица

    Исчезнува поствизантиската архитектура под Беласица

    Педесетина куќи за живеење во овие два региона се предмет на опсервација и нивно трајно бележење во проектот на Заводот и музеј од Струмица, кој го реализира Живко Велковски, историчар на уметност. Проектот опфаќа графички нацрт и приказ на идејното решение на овие куќи, за да биде зачувано нивното градителско решение доколку еден ден се реконструираат

    Куќа во село во Струмичко

    ЌЕ СЕ ЧУВА ГРАДИТЕЛСКОТО РЕШЕНИЕ НА ПЕДЕСЕТИНА КУЌИ 


    Старата рурална архитектура од подбеласичкиот и подогражденскиот регион сѐ повеќе исчезнува под напливот на современите архитектонски стилови што се користат при градбата на станбени објекти. Некои од нив, во скромен обем, посебно оние на јужните падини на планината Огражден, сепак му одолеале на времето и во голема мера ги зачувале особеностите на локалното културно наследство, односно руралната станбена архитектура од поствизантискиот период, која континуирано била создавана до 19 и првите децении на 20 век. За да не бидат препуштени на заборавот, Заводот и музеј од Струмица подготви проект за нивно евидентирање при евентуална реконструкција. 

    Документ на нашето 
    битисување


    Педесетина куќи за живеење во овие два региона се предмет на опсервација и нивно трајно бележење во проектот на Заводот и музеј од Струмица, кој го реализира Живко Велковски, историчар на уметност. 
    Проектот опфаќа графички нацрт и приказ на идејното решение на овие куќи, за да биде зачувано нивното градителско решение доколку еден ден се реконструираат.

    - Тие се документ на нашето битисување. Овие градби го легитимираат Македонецот, и покрај тешките услови на опстојување во туѓи политички системи, сепак да ги искористи градежните, креативните, па и сопствените умствените или естетски потенцијали за да се пробие меѓу народите на Балканот што исто така имале потенцијал да градат и да создаваат вредности со траен белег на своето опстојување - вели Велковски.

    Карактеристично за станбените објекти од тој период е што се градени од земја, варовит малтер, но и трска. Во екстериерното и ентериерното градителско решение изобилуваат со белези од османлискиот период, како резултат на доселувањето на турско население Јуруци и Огузи, во овој дел од земјата. Карактеристична за нивното градење е т.н. бондрук-конструкција, за да бидат отпорни на земјотреси и на други појави, карактеристични за оваа почва. 

    Сепак, некогашните градители додавале и свои замисли и градителски решенија, што ги одделувале од куќите на турското население, кое исто така живеело во овие региони.

    Некои од куќите 
    сѐ уште се користат


    - Поради брзата урбанизација многу од објектите исчезнуваат, од напливот на современите архитектонски стилови и потреби на самото население. Поради материјалот од кој се создадени, но и поради забот на времето, овие објекти не можат да одговорат на современите типови и начин на живеење. Наместо да ги обновуваат, луѓето ги запоставуваат. Некои од нив, особено во подбеласичкиот и подогражденскиот регион, сѐ уште се користат. Таму населението што е посиромашно сѐ уште живее во овие објекти - објаснува Велковски. 

    Во долниот дел од куќите се чуваат земјоделските производи, дел е наменет за добитокот.
    - А во горниот дел сѐ уште луѓето си живеат, користејќи ги спецификите на оваа архитектура, на поднебјето, ги користат топлината и сите благодати на регионот, од аспект на метеоролошките услови - додава Велковски.
    Овој проект се реализира од 2010 до 2013 година, за што постои и печатен материјал, а за да биде целосен, се планира да се опфати и југозападниот регион, за што ќе биде изработен проект и доставен до Министерството за култура, кое ја даде финансиската поддршка.
     
     
       

    Автор: Снежана Џорлева

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 322 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024