Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:28 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 18 » Путин гледа намалување на борбите во Донбас, смета дека Украина веќе добива оружје
    0:26 AM
    Путин гледа намалување на борбите во Донбас, смета дека Украина веќе добива оружје

    Путин гледа намалување на борбите во Донбас, смета дека Украина веќе добива оружје

     

    Рускиот претседател Владимир Путин констатираше во вторникот значително намалување на интензитетот на борбените активности во источна Украина, но исто така, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта рече дека Украина веќе добива оружје од западните земји.

     

    „Што се однесува до борбените дејствија, севкупно ние забележуваме значително, и тоа сакма да го истакнам, намалување на воените активности... Сега тоа е очигледен факт, бројот различни напади, меѓусебни гранатирања по целата линија на раздвојувањето е многу намален“, изјави Путин за новинарите.

    Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со својот домаќин Орбан, околу можноста за испорака на смртоносно оружје за украинската армија од САД, рускиот претседател кусо одговори дека „Според нашите сознанија тоа веќе се доставува“.

    Властите во Киев во повеќе наврати изминатиот период апелира до западните партнери и особено до САД, кои се ограничуваат за снабдување со одбранбена воена опрема за украинската армија, за испорака на смртоносно оружје. Советничката за национална безбедност на американскиот претседател, Сузан Рајс на 6-ти февруари објави дека Вашингтон ја разгледува можноста за обезбедување директна воена помош во смртоносно оружје за Украина, што претходно едногласно го усвои Конгресот. Сепак, претседателот Барак Обама, калкулира со остварувањето на таквата можност.

    Москва на ваквите најави предупреди дека тоа ќе доведе само до ескалација на конфликтот. И европските сојузници на САД и Киев, сметаа дека испораката на оружје може само да ја испровоцира Русија отворено да се замеша во конфликтот што ќе доведе до ескалирање во општа војна.

    Оттаму, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркрл преземаа итна иницијатива со којашто успеаја во Минск минатата седмица да издејствуваат потпишување на договор за прекин на огнот што треба да биде проследено со дополнителни чекори кои треба да доведат до постигнување траен мир во побунетиот рускојазичен исток на Украина и нејзино стабилизирање со зачувување на територијалниот суверенитет.

    http://makfax.com.mk/svet/evropa/putin-gleda-namaluvanje-na-borbite-vo-donbas-smeta-deka-ukraina-veke-dobiva-oruzje

    Извор: “Макфакс“

    Views: 277 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024