Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:36 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 20 » NSA и GCHQ ги украле клучевите за дешифрирање на СИМ картичките
    2:50 PM
    NSA и GCHQ ги украле клучевите за дешифрирање на СИМ картичките

    NSA и GCHQ ги украле клучевите за дешифрирање на СИМ картичките

     

    Американската разузнавачка Агенција за национална безбедност (NSA) и сродната британска агенција GCHQ украле застрашувачки количества клучеви за разбивање на кодот на СИМ картичките, што им овозможило дискретно да ја пресретнуваат комуникацијата на корисниците на тие картички, пишува The Intercept, американски интернет ресурс за истражувачко новинарство, кој се повикува на таен документ од британското разузнавање предаден од поранешниот соработник на американските шпионски агенции CIA и NSA, Едвард Сноуден.

     

    Секоја СИМ картичка има клучеви за кодирање на комуникацијата со операторот на телекомуникациите. Поседувањето на клучот за некоја картичка, овозможува пребарување на сите извршени разговори.

    Според The Intercept, NSA и GCHQ (Government communications headquarters) се инфилтрирале во информатичките мрежи на производителите на СИМ картичките за да ги украдат клучевите, особено на светскиот гигант во оваа област - „Gemalto“. Но цели на американското и британското разузнавање биле и други производители на СИМ картички. Холандската компанија „Gemalto“, која покрај чипови на мобилните телефони произведува и чипови за банкарски картички, за клиенти има околу 450 мобилни оператори во светот, вклучувајќи ги и најголемите американски AT&T, T-Mobile, Verizon и Sprint.

    „GCHQ со поддршка на NSA ги слушал приватните разговори на инженерите и другите вработени во компаниите во многу земји, за да успее да ги украде клучевите. Невозможно е да се знае колку клучеви украле NSA и GCHQ, но доколку се приклониме и на најконзервативните хипотези, бројката се чини застрашувачка“, се наведува во текстот објавен на The Intercept од тимот новинари што го предводел Глен Гринвалд, кој во британскиот весник The Guardian ги објавуваше документите доставени од Едвард Сноуден.

    „Хакирањето на компјутерските мрежи ги спроведувале заедничките оддели составени од припадници на американското и британското разузнавање. Како резултат на нападот, за што информација е дадена во документот на GCHQ датиран од 2010 година, разузнавачките агенции можеле тајно да следат значителен обем од мобилната комуникација во целиот свет, вклучително и разговорите и мета податоците за повиците“, пишува Тhe Intercep.

    Според ресурсот, благодарејќи на украдените клучеви, разузнавачките служби можеле да ги следат разговорите преку мобилните телефони без да побараат дозвола за тоа од телекомуникациските компании, локалните судови или националните влади.

    Во соопштението на компанијата „Gemalto се истакнува дека „многу сериозно ги сфаќа“ тврдењата на Тhe Intercept, како и дека воопшто не биле свесни за тоа сé до појавувањето на написот. „Многу сум загрижен. Во моментов за нас приоритетно е да се процени степенот на она што се случило и да проучиме на каков начин тоа се случило, за да не дозволиме тоа да се повтори во иднина“, изјавил извршниот потпретседател на „Gemalto“, Пол Беверли.

    http://makfax.com.mk/zanimlivosti/hitech/nsa-i-gchq-gi-ukrale-klucevite-za-desifriranje-na-sim-kartickite

    Извор: “Макфакс“

    Views: 296 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024