Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 21 » МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ ВО МИНИЈАТУРА
    7:46 PM
    МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ ВО МИНИЈАТУРА

    МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ ВО МИНИЈАТУРА

    „Идејата да ги облечеме куклите во народна носија дојде спонтано, се' со цел да дојде до израз нашата богата традиција на преубави народни носии, кои до седумдесеттите години на минатиот век се користеле како облека на жителите во нашите села“ - вели Валентина Тасеска

    Киро Кипроски



    За негување на вековните традиции, да се сочуваат народните носии од заборав, за да не исчезнат, се погрижија шест членки на Културното здружение на уметници „Културен бран“ од Гостивар, кое го реализира проектот „Традиционалните носии на полошкиот крај“, со кој беше опфатена изработка на минијатурни носии од богатата ризница и од мијачкиот, мавровскиот, горно и долно реканскиот регион.

    Притоа беа изработени 27 носии, односно 12 пара машка и женска носија: галичка невестинска и зетовска носија, дебранска невестинска и зетовска носија, мавровска моминска носија, долнореканска невестинска носија, моминска носија од с. Беловиште, невестинска и зетовска носија од с. Железна Река и други и три одделни женски носии од полошкиот крај, кои се сместени во стакленици со кои се заштитени од различни влијанија.

    „Идејата да ги облечеме куклите во народна носија дојде спонтано, се' со цел да дојде до израз нашата богата традиција на преубавите народни носии, кои до седумдесеттите години на минатиот век се користеле како облека на жителите во нашите села. Да претставиме како се облекувале лицата од повеќе гостиварски села и региони... Сакаме да дадеме скромен прилог во сочувување на традицијата на облекување и да ги запознаеме младите генерации“ – вели Валентина Тасеска, која ги изработува главните елементи на сите носии. „Само на традиционалната културолошка и туристичка манифестација ’Галичка свадба’ и на Водици во Битуше, како и во етно-музеите, ретко каде на други места можат да се видат традиционалните македонски носии“ - додава Тасеска.

    За идејата за изработка на елементите на народната носија од повеќе села и региони на поширокото гостиварско подрачје, Тасеска истакнува: „Многу тешка и макотрпна работа е да се изработи носија во минијатура. Да се облече кукла и на гледачот да му се претстави оригиналната народна носија е вистинска мајсторија и умешност. Во овој дел од работата, добив голема помош од мојата вујна Викторија Јовановска, која е ’специјалист’ за облекување на невести и девојки за свадби и за посебни свечености. При изработката на носиите, во плетењето и везењето имав големи емоции и работев со многу љубов и внимание. Задоволство ми причинуваше што оставам дел од себе, што ќе биде сочувано и ќе биде посетувано и видено од голем број посетители“. Тасеска ја научила рачната изработка од мајка си Ружа, која пред триесет години им изработила мавровска носија во мали димензии и ја облекла куклата, која и денес ја чуваат како експонат.

    „Изработката на вез со срма, со филигранска прецизност и точност на минијатурни примероци е мошне тешка и напорна работа“ - вели Јулијана Николиќ. „Но, љубовта кон исконското, кон нашето непроценливо етно-богатство, на нашите неповторливи и уникатни народни носии со карактеристичен вез, беше предизвик да се вклучам и да ги изработам везовите на сите носии на овој проект“ - потенцира Јулијана Николиќ, по вокација дипломиран инженер-агроном. „Иако е тешка и макотрпна работата, да се везе со конец и игла, со денови и месеци, огромно е задоволството кога ќе го завршам везот.“

    „Невработена сум веќе дваесет години и од економски причини, од една сосетка го научив везот и изработував народни носии за свадбите на Албанците и Турците, кои се' уште ја негуваат традицијата невестата да биде облечена во традиционална носија. Жалам што Македонците не ја продолжуваат традицијата, како што било некогаш, барем на свадбата невестата да ја облечат во традиционална народна носија“ - вели Николиќ.

    Билјана Кузмановска, која е дипломиран инженер-архитект, а во блиска иднина и магистер по градежни науки, во 2009 година од љубов кон накитот почна да изработува уникатни предмети за себе и за своите блиски. Изработката ја релаксира и ја исполнува. Секое парче накит го изработува со многу љубов. 

    „Китењето на носијата е тесно поврзано со телесниот изглед и се бараат предмети со природни својства, најдени во околината на селата или, пак, со украси, адаптирани со стари метални пари. Како украс на градите на народната носија се ставале стари метални пари, кои се прикачувале на долгите коси или, пак, на ткаенината. Во селските населби на Горни Полог, масивните украси од женската носија, редени на градите, се нарекувале ’панѕури’. Златните монети ја имале истата намена и се нарекувале ’алтани’. Носителката на овој накит пред јавноста ги искажувала економската моќ и општествената положба на семејството“ - објаснува Кузмановска.

    Карактеристичен накит, исто така, претставувал и „тепелакот“ , кој го носеле градските жени. Тоа е колчест сребрен украс, кој се редел врз невестинската капа. Бил украсен со дополнителни елементи од сребрени пари прикачени на сребрени синџирчиња. Како најкарактеристичен женски накит во состав на македонската носија се „пафтите“. Тие по форма се тркалезни, листовидни или кубести.

    „Најголем мерак ми беше изработката на накитот на галичката невестинска носија, бидејќи потеклото по татко ми е од Галичник“ - истакнува Кузмановска.

    Во реализацијата на проектот, Лидија Новаковска беше задолжена да ги крои кошулите на носиите, а таа за својата работа објаснува: „Во визуелна смисла, речиси сите горни машки и женски облеки, без разлика дали се без ракави, со куси или со долги ракави, по должина долги до појас, под колкови, до колена, до средина на листовите, во ретки случаи долги до глуждовите... се карактеризираат со нагласена страничност и архитектоника, со определена ритмика и динамика. Конструктивноста и архитектониката се одлика и кај кројот на машките и на женските кошули, со таа разлика што машките се покуси, до колена.

    Координатор на проектот, претседателката на Здружението „Културен бран“, Елизабета К. Питулкова, е задоволна од квалитетот на изработените 12 машки и 12 женски носии, како и три кукли со женска носија на повеќе региони од Гостиварско. Квалитетот беше потврден на првата изложба што беше одржана во Центарот за култура „АСНОМ“, во Гостивар. Гостиварци беа задоволни од креацијата на авторките и притоа не штедеа зборови за пофалби, искажувајќи многу комплименти за автентично претставените народни носии.

    Кон крајот на месецов изложбата ќе ја погледнат учениците од основните и средните училишта од Гостивар, за да се запознаат со богатото фолклорно наследство од поширокиот регион на Гостивар. Кон крајот на идниот месец, изложбата ќе имаат можност да ја погледнат и скопјани.

    Извор: “Утрински Весник“

    Views: 465 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024