Рускиот одговор на ММФ: Ратификуван договорот вреден 100 милијарди долари
Долниот дом на рускиот парламент денес го ратификувал договорот за формирање на развојна банка на БРИКС, вредна 100 милијарди долари, која ќе вложува пари во инфраструктурни проекти и практично ќе им биде конкурент на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Новата развојна банка би требало да стане функционална кон крајот на 2015 година, објавило руското министерство за финансии.
Русија се согласила да издвои две милијарди долари од федералниот буџет во следните седум години за работата на оваа банка. Банката ќе има управа на три нивоа, со одбор на гувернери, одбор на директори и претседател.
Првиот состанок на одборот на директори ќе биде одржан во Русија во април, а се очекува прв претседател да биде рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
Извор: “Денешен Весник“
|