Путин: Никој не треба да има илузија дека може да биде воено супериорен кон Русија
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил денес дека другите земји не треба да имаат илузија дека можат да бидат воено супериорни над Русија, пренесуваат западните медиуми.
„Никој не треба да има илузија дека може да биде воено супериорен над Русија, или дека може да врши некаков притисок врз нас“, кажал Путин во соопштението по повод Денот на бранителите на татковината следната недела.
Тој кажал дека Русија секогаш ќе има соодветен одговор за слична авантура.
Путин истакнал и дека ќе биде спроведена амбициозната програма за модернизација на војската со стотици нови борбени авиони, ракети и друго оружје.
Рускиот воен буџет годинава беше зголемен за третина, и покрај економската криза во земјата предизвикана од ниската цена на нафтата и санкциите на Западот.
Извор: “МКД“
|