Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 23 » 71 година од Фервруарскиот поход на Голак
    3:45 AM
    71 година од Фервруарскиот поход на Голак

    71 година од Фервруарскиот поход на Голак

    Со пригодна програма денеска во Делчево се одбележува 71-годишнината од престојот на планината Голак на група баталjони на НОВ и на партизанските одреди на Македонија.

    golak

    Претставници на општина Делчево, Сојузот на борците и на планинарски друштва положија цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход на планината Голак, на местото каде во далечната 1944 предводени од генерал Михаило Апостолки пристигнале група баталјони на НОВ И ПОМ, повлекувајќи се од Егејскиот дел на Македонија.

    Преживеани учесници во Февруарскиот поход евоцираа спомени за тој историски настан, а се одржа и културно-забавна програма.

    Во одбележувањето на оваа значајна годишнина од НОБ на македонскиот народ против фашизамот учествуваа и планинарите од Делчево и од неколку други места од земјава, изведувајќи го традиционалниот марш.

    Стартната точка на маршот е пред Спомен-домот на АСНОМ, а цел е планинскиот врв Чавка на надморска височина од 1.536 метри. Патеката е долга 24 километри со висинска разлика од 900 метри.

    – Маршот е во организација на трите планинарски друштва „ПОП“, „Голачка срна“ и „Голак“ од Делчево, а имаме учесници од Пехчево, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка, Кочани, Виница и од други планинарски друштва, изјави Зоран Поповски, еден од најактивните планинари.

    Општината Делчево во просториите на „Македонски шуми“ на Голак за учесниците на прославата на Февруарскиот поход приреди заеднички ручек.

    Покрај спомен-обележјето на Февруарскиот поход, планинарите ги посетија и конаците на манастирскиот комплекс „Св.Богородица-Балаклија“ и црквата „Св.Панталејмон“ на Голак.

    Извор: “Денешен Весник“

    Views: 231 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024