Се повлекува тешкото оружје, Дебаљцево останува критична точка (ВИДЕО)
Завојуваните страни во Украина конечно постигнаа договор за отстранување на тешкото оружје од линиите на фронтот, пренесе Франс прес.
Би-би-си јави дека прекинот на огнот и повлекувањето настапиле по размената на 191 затвореник, клучна точка во договорот за прекин на огнот во Минск.
Се наведува дека ова е првиот конкретен и успешен чекор што ги следи условите на договорот потпишан во главниот град на Белорусија на 12 февруари.
Размената на затвореници следуваше откако американскиот државен секретар Џон Кери се закани со „сериозни санкции“ во Русија, по серијата прекини на примирјата.
http://youtu.be/TdjiKVkU_iY
Според договорот што беше постигнат на 12 февруари, тешкото оружје мораше да биде повлечено од истокот на Украина во рок од 14 дена, но немаше ни знаци дека такво нешто се случило, по повторната ескалација на конфликтот, најмногу во Дебаљцево.
Во саботата вечер водачот на ДНР Александар Захарченко го потпиша барањето за повлекување на тешкото оружје.
Сепак, Дебаљцево останува критична точка, зашто тој град не е вклучен во договорот со потписот на Захарченко, а е посочено дека за него дополнително ќе се расправа.
Според некои процени, проруската страна чекаше да го преземе Дебаљцево за да почне да го почитува примирјето, а бидејќи пред неколку дена тие и го сторија тоа, речиси сите услови за мир се воспоставени.
http://youtu.be/r2hYMRjUQTo
Извор: “МКД“
|