Main » 2015»February»24 » Јутарњи: Русите подготвуваат офанзива на градот кој го бранат Хрвати
4:46 PM
Јутарњи: Русите подготвуваат офанзива на градот кој го бранат Хрвати
Јутарњи: Русите подготвуваат офанзива на градот кој го бранат Хрвати
И покрај потпишаното примирје меѓу Украина и проруските сепаратисти, Киев изразил страв дека бунтовниците спремаат нова офанзива со која сакаат да го заземат градот Мариупол, пренесува Јутарњи.
Бунтовниците наводно трупаат војници и воена опрема во близина на овој пристанишен град во кој е стациониран и воениот батаљон Азов, познат по големиот број странски платеници, меѓу кои има и хрватски државјани.
Освојувањето на Мариупол би овозможило директна копнена врска меѓу Русија и Кримскиот Полуостров.
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук уште од саботата тврди дека примирјето не се почитува.
„Нема прекин на огнот, бидејќи тоа би значело дека никој не пука“, изјавил Јацењук.
Портпаролот на украинската војска, полковникот Андриј Лисенко, тврди дека Русите за време на викендот испратиле засилувања во околината на Мариупол. Во еден од конвоите имало 60 оклопни возила, вклучувајќи и тенкови, а вториот наводно им однел воена опрема на бунтовниците во Новоазовск, источно од Мариупол.