Проруските сили заплениле американско оружје, воени шифри и тешко оружје во Дебаљцево (ВИДЕО)
Украинските сили при повлекувањето од Дебаљцево, според претставници на Доњецката Народна Република, оставиле не само трупови на своите соборци и оружје (од домашно и странско производство), туку и документи со тајните на Киев!
Борците на ДНР во внатрешноста на еден од бункерите кои украинските сили го користеле како команден пункт откриле воени мапи, книги со шифри, извештаи и друга документација која во вообичаени ситуации е доверлива и не може да ја види никој освен овластени лица.
„Командата бегаше „како мува без глава“, оставајќи зад себе сѐ, вклучувајќи и возила и оружје, а сега глумат херои кои се подготвени да се борат со наводниот непријател“, изјавиле претставници на ДНР.
Силите на самопрогласените независни републики на Доњецк и Луганск соопштиле дека заплениле 265 парчиња различно оружје, 28 тенкови, 63 оклопни транспортери, 145 автомобили, 16 противвоздушни топови, 13 артилериски системи и минофрлачи.
Во рацете на проруските бунтовници паднал и дел од американската помош за украинската војска. Борците на ДНР заплениле еден ЛЦМР – артилериски радар за откривање минофрлачки позиции.
http://youtu.be/eyiE0473r0M
http://youtu.be/60rs_zSH4wA
Извор: “МКД“
|