Американците парадираат оклопни возила на 300 метри од руската граница (ВИДЕО)
Во Естонија, членка на НАТО, била одржана воена парада во градот Нарва, на само 300 метри од руската граница, јавува Раша тудеј.
Официјален Талин одамна ја критикува Москва, која ја обвинува дека води агресивна политика кој балтичките земји.
Парадата била одржана вчера по повод Денот на независноста на Естонија.
Командантот на оружените сили на Естонија генерал-потполковникот Рихо Терас ја предводел парадата, на која присуствувал и претседателот Томас Хендрик Илвес.
Преку 140 парчиња тешко оружје на НАТО биле прикажани на парадата, вклучувајќи и четири американски оклопни возила М1126 „страјкер“.
Во парадата учествувала и Холандија со четири шведски борбени возила Стридсфордон 90.
Естонија ги прикажала своите топови, противтенковското и противвоздушното оружје, оклопните возила и друго тешко оружје. На парадата на улиците на Нарва марширале 1.400 војници на НАТО.
Додека Естонија се обидува да му пркоси на големиот источен сосед со воена парада на неговата граница, за Русија ова е доказ дека НАТО е антируски воен блок кој трупа војска на нејзината граница, со што ја загрозува националната безбедност.
Естонската влада, пак, го брани своето право на целата своја територија да одржува какви сака воени вежби.
„Нарва е дел од НАТО, ништо помалку од Њујорк или Истанбул, а НАТО го брани секој метар од својата територија“, изјавил естонскиот премиер Тави Роивас.
http://youtu.be/BZ-8okVAekI
http://youtu.be/3FEq-Fxqszs
Извор: “МКД“
|