- За Светскиот ден на извидниците членовите на нашиот одред „Мирко Милески“ реализираа повеќе активности. Најнапред го посетивме дневниот Центар за лица со посбени потреби, каде што на штитениците од центарот им подаривме овошје, зеленчук и училишен прибор. Потоа организиравме излет на планината Илиница и пешачевме дури до нејзиниот врв, каде што се наоѓа репетиторската станица. Лошите услови за пешачење, не беа голема пречка да ја совладавме зацртаната релација. Ова дружење ќе остане во спомени на извидниците од нашиот одред - рече Благоја Секулоски од извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево.