Нова хуманитарна помош од Русија за источна Украина
Во источниот украински град Лугањск пристигна колона од над 80 камиони со хуманитарна помош од Русија
За жителите на Лугањската област Москва испратила храна и лекови. Во Лугањск и во Доњецк, ќе бидат денеска доставени вкупно над 1.800 тони хуманитарна помош.
Колона од 170 камиони ноќеска се упатиле од Донскиот центар за хуманитарни работи во Ростовската област. Тоа е 16-та хуманитарна колона на руските власти за Источна Украина. Од август лани Русија испратила над 20 илјади тони хуманитарна помош за жителите на Доњецката и Лугањската област.
Извор: “Нова Македонија“
|