Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:57 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 28 » Повеќе грижи отколку оптимизам за примирјето на истокот
    5:43 AM
    Повеќе грижи отколку оптимизам за примирјето на истокот

    Повеќе грижи отколку оптимизам за примирјето на истокот

    Размерот на уништувањето и исцрпеноста на Украина е толкав што денес ни најголемите оптимисти немаат илузија дека земјата во блиска иднина би можела да излезе од кризата. Судирите во земјата се слични на оние од поранешна Југославија, пишува „Политика“

    Бунтовниците од истокот го повлекуваат своето тешко вооружување

    ПРВИ 24 ЧАСА БЕЗ ЖРТВИ МЕЃУ ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО УКРАИНА

    Првпат од стапувањето во сила на прекинот на огнот во источна Украина, на 15 февруари, во изминатото деноноќие не загинал ниту еден украински војник, што, според медиумите, се толкува како нова шанса за заживување на договорот од Минск. Како што пренесува Ројтерс, проруските бунтовници на истокот на земјата веќе почнале со повлекувањето на тешкото вооружување од линиите на фронтот, додека властите од Киев порачуваат дека сѐ уште е прерано за таков чекор од нивна страна. Очекувањата за спас на кревкото примирје се дополнително влошени по турбулентната економска ситуација во која се наоѓа земјата, за што показателите говорат дека е на раб на банкрот, тврдат познавачите на ситуацијата.

    Извештаите од теренот говорат дека проруските борци оддаваат впечаток дека се подготвени да го испочитуваат договорот, како и тоа дека тие веќе се одлучни за целосно повлекување на своите колони со борбени единици. Бунтовниците ѝ ветија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) дека наскоро ќе има можност да се убеди на терен дека повлекувањето се спроведува. ОБСЕ, пак, од друга страна, соопшти дека сѐ уште не може да го потврди обемот на повлекувањето, бидејќи и двете страни не доставиле податоци за количеството на распореденото оружје и воена опрема пред стапувањето во сила на примирјето.

    Размерот на уништувањето и исцрпеноста на Украина е толкав што денес ни најголемите оптимисти немаат илузија дека земјата во блиска иднина би можела да излезе од кризата, пишува белградска „Политика“. Според белградскиот весник, во таа насока била и изјавата на шефот на полската дипломатија Гжегож Шетина, кој оценил дека размерите на судирите во Украина се слични на оние во поранешна Југославија во 1990-тите години и таквиот судир не може да се реши локално, без гаранција на Западот и Русија.
    - Не сум убеден дека војната во Украина може да се реши на локално или регионално ниво. Само големите сили, САД, ЕУ и Русија, можат да одлучат за судбината и иднината на Украина и истовремено да дадат гаранција за нејзино постоење - изјави Шетина.

    За слична опасност предупреди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Русија се сомнева за вистинска посветеност во примирјето на одделни страни.
    - Сега многу зависи од чесниот, објективен и непристрасен пристап на набљудувачите, кои треба да забележат што точно се случува на теренот, така што ќе можеме да ги отфрлиме сите обиди што се во насока договорот од Минск да пропадне. Има многу луѓе од надвор, но и во Киев, што посакуваат договорот да пропадне - истакна рускиот шеф на дипломатијата.

    Во вторникот се огласи и поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, кој минатата година ова време насилно беше отстранет од власт. Јанукович изјави за руските медиуми дека Украина се управува однадвор и наедно ги повика меѓународните фактори да извршат притисок врз Киев да ја заврши војната на истокот од земјата. 

    - Украина се најде под влијание на надворешната политика, каде што на актуелните лидери од странство им се наредува какви одлуки да ги носат - изјави Јанукович за рускиот весник „Аргументи и факти“.
    Дополнително атмосферата ја подгреа и британскиот премиер Дејвид Камерон, кога тој најави дека во Украина ќе испрати единица од 75 војници што ќе вршат советување и обука на украинските сили. Овој чекор, според познавачите, се толкува како реакција на досегашната пасивност на Лондон околу Украина. Испраќањето војници во Украина, па макар тие биле и во советодавна улога, може лесно да се протолкува како провокација кон Москва. Во неделата што изминува слични провокации кон Русија од Западот имаше во Естонија. Таму на само 300 метри од руската граница во градот Нарав беше одржана воена парада на НАТО, јави „Русија денес“.

    На воениот собир во Естонија беа претставени повеќе од 140 парчиња тешко вооружување на Алијансата, меѓу кои и четири американски оклопни возила М1125 „страјкер“, па така на индиректен начин американската војска, според познавачите на состојбата, дојде на 300 метри до Русија.      


    Путин: Запирањето на гасот за Донбас личи на геноцид

    - „Газпром“ не ги прекрши условите од договорот за испорака на гас преку контролните пунктови на истокот на Украина - изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. 
    Путин во изјава за медиумите рече дека од однапред платениот гас на Украина ѝ останало испорака за уште три-четири дена, а доколку уплатата од Киев не пристигне, испораката ќе биде прекината. - Јасно ни е дека, повикувајќи се на наводното оштетување на гасоводот, Киев го прекина снабдувањето со гас во Луганск и во Доњецк. Не само што таму владее глад, не само што ОБСЕ утврди дека таму има хуманитарна катастрофа, туку уште им го прекинуваат гасот. Тоа не е хуманитарен проблем, тоа веќе личи на геноцид - предупреди Путин.


     
       

    Автор: Д.Ср.

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 248 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024