Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:20 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » February » 28 » ТВ дебата: Треба да се елиминираат корумпираните за одбрана својата земја
    5:51 AM
    ТВ дебата: Треба да се елиминираат корумпираните за одбрана својата земја

    ТВ дебата: Треба да се елиминираат корумпираните за одбрана својата земја

     

    Тројца Американци, стратешки експерти детално ги анализираа последните политички превирања во Македонија со аферата со прислушување на илјадници македонски граѓани, во прв ред политичари и новинари, што ја отвори челникот на опозицијата Зоран Заев, и според нив станува збор за обид за државен удар против земјата и истовремено недвосмислено укажаа на агенциите за разузнавање, електронска шпионажа и пропаганда на голема суперсила. Претседателот на СДСМ, велат тие, бил искористен како послушна марионета, но работата е многу попрофесионална и спроведена од шпионска служба со највисоки способности.

     

    Американските аналитичари Силвија Геркен, Вејн Медсен, Умберто Паскали во емисјата „Гласот на народот“, ТВ Сонце, којашто се одржа набргу откако премиерот Никола Груевски изјави дека шпионажата ја вршела голема разузнавачка служба од странство, истакна дека секоја операција за дестабилизација мора да започне со поткопување на институционалната одбрана на земјата, и со ова, според нив, се објаснува нападот насочен кон Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

    Вејн Медсен е поранешен разузнавачки службеник и меѓународен експерт за прашања од електронско разузнавање, своевремено сведочеше и во Европскиот парламент. Силвија Геркен е американски државјанин со хрватско потекло, која има конкретна експертиза за маневрите на Џорџ Сорос на Балканот, додека Умберто Паскали е стратешки аналитичар експерт за некласично војување, кој, меѓу другото, одблиску ја следи ситуацијата во Македонија од 1999 година.

    „Груевски е апсолутно во право, рече Медсен, видот на електронска шпионажа и телефонско прислушување што ги видовме во Македонија може да ги спроведуваат агенции како што се американската Национална агенција за безбедност (NSA) и Централната разизнавачка агенција (CIA). Ова не е ништо ново. Ваков вид дестабилизација видовме низ целиот свет. NSA и CIA шпионираат државни функционери, а потоа цинично ја обвинуваат владата, како во случајов на премиерот Груевски, дека го прави истото она што тие го прават! Ова е направено во неколку земји: Аргентина, Венецуела, Украина, Норвешка, па дури и во Германија, каде прислушувањето на телефонот на канцеларката Ангела Меркел ја направи првата видлива пукнатина во американско-германските односи“.

    Медсен, исто така, навлезе во техничките детали на тоа како функционира телефонската шпионажа. Коментирајќи ги нападите против шефот за безбедност Мијалков, Медсен укажа на американскиот заменик помошник-државен секретар Викторија Нуланд, нејзиниот заменик, Томас Мелија, амбасадорот на САД и неговиот претходник. „Тие сите се дел од оваа операција за дестабилизирање на Македонија. Сакаат да има лажни демонстрации на улиците за кои потоа ќе известуваат CNN и BBC. Македонците треба да организираат демонстрации пред американската амбасада и да кажат: Нема да нè втурнете во истото сценарио во кое беше втурната Украина!“, порача американецот експерт за електронска шпионажа.

    „Што и да прочитате за нешто што доаѓа од испоставите финансирани од Сорос е лага по дефиниција, бидејќи неговата улога е да дава поддршка за државните удари“, рече уште Медсен.

    Прашањето за улогата на американскиот магнат од унгарско-еврејско потекло Сорос, го разработи Силвија Геркен. Спроед неа, „моделот на ’бојадисана револуција’ кој сега се применува против Македонија беше испробан со финансирање на Отворено општество на Сорос во многу земји, почнувајќи од операцијата против Србија и создавањето на младински групи како што е ’Отопор’, кои се обучени, индоктринирани, финансирани, поддржани и платени…, а потоа распоредени низ целиот свет како платенички единици. Видовме симбол на Отопор во Грузија, Украина, како и во многу други земји“, ресе Геркен.

    „Всушност, организациите на Сорос дејствуваат како тројански коњ, со цел постигнување на целите на финансиските шпекуланти .... Сега ’Отопор’, проект на Џин Шарп, сè уште е активен во Белград и може да се искористи во која и да е друга земја за изведување државен удар ... А сега тие се дојдени во Македонија“, смета Геркен

    Според Умберто Паскали, пак, „Има причина зошто пучот против Македонија започна со полна брзина во овој момент“. „Постои голем коридор низ земјите од Балканот кои полека но сигурно ја враќаат својата национална независност. Тое се Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија, па дури и Австрија и Чешка. Овие земји покажуваат решеност да ја бранат својата независност; тие не сакаат конфронтација меѓу Европа и Русија. Тоа е конфронтација диктирана од луѓе како Викторија Нуланд, Томас Мелија, Сорос ... зад нив не стојат само големите англо-американски шпионски агенции, туку и срцето на Волстрит и лондонски Сити“, рече Паскали

    Забележа дека стратешката ситуација се менува. Земјите како Турција купуваат оружје од Кинезите во знак на протест против раководството на НАТО. Грција е во дијалог со Русија. По откажувањето на европскиот гасовод „Јужен тек“ од страна на Русија по саботирањето од страна на САД и бирократијата на ЕУ, Русија и Турција го започнаа ткн „Турски тек“ што ќе донесе „река“ од енергија и развој на Балканот.

    „Каде ќе минува овој огромен гасовод? Токму по должината на трасата што англо-американците се обидуваат да ја дестабилизираат и да ја втурнат во граѓанска војна. Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија. Токму затоа заменикот на Викторија Нуланд, Томас Мелија беше фатен на дело во Будимпешта, Белград, а сега и во Скопје како го брани Зоран Заев“, обвини Паскали.

    Тој ја коментираше за изјавата во американскиот Конгрес на државниот секретар Џон Кери, за ткн „Огнена линија“ на којашто се наоѓаат земјите од Балканот во однос на наводните руски интереси. „Кери рече дека има неколку земји на ’линијата на огнот’ меѓу САД и Русија. Меѓу другите ги спомена Косово, Македонија, Србија, Грузија, Молдавија, Приднестровје. Тој буквално рече ’линија на огнот’, што е еден вид смртна закана. Зошто? Затоа што надворешната политика на САД, којашто, за жал, е политиката на оние од Волстрит, сфаќа дека некои земји се на работ на повторно стекнување национален суверенитет. Но, Кери и Нуланд се особено исплашени од она што се случи во Минск со челниците на Франција и Германија. Двајцата најмоќни лидери во Европа се договорија со руксиот претседател Путин да се запре воената ескалација во Украина. Ова не е она што го сака Волстрит, но сепак почнува да се случува ...“, предупреди Паскали

    Тој им се обрати на младите во Македонија кои се изманипулирани од луѓето од филијалите на Сорос. „Сакам да им кажам на овие млади луѓе, а не на оние цинични луѓе кои одат на демонстрации затоа што се платени, туку на големото мнозинство кое навистина верува во демократија и слобода: Пријатели, тргнете се настрана од корумпираните соросоиди и бранете ја својата земја!“, оцени американскиот аналитичар и експерти за состојбите на Балканот и Македонија во отворената трибина на Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце.

    http://makfax.com.mk/analizi/tv-debata-treba-da-se-eliminiraat-korumpiranite-za-odbrana-svojata-zemja

    Извор: “Макфакс“

    Views: 277 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024