Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 1:04 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 1 » Киселачка ја крие тајната на еликсирот на младоста
    4:44 AM
    Киселачка ја крие тајната на еликсирот на младоста

    Киселачка ја крие тајната на еликсирот на младоста

    Митко Никодиноски за да дојде до оригиналниот производ најпрво мора да обезбеди основна суровина, а тоа се зрели плодови од диво јаболко (киселачка н.з.), кои ги има во изобилство во неговиот крај, а како најпогодни месеци за нивна берба се октомври, ноември и декември

    Несудениот професор по социологија по прастар рецепт прави оригинален јаболков оцет

    Иако дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје пред околу три децении, Митко Никодиноски од селото Рамне никогаш не работел во својата струка, односно не бил вработен како социолог. Својата егзистенција отсекогаш ја обезбедувал од земјоделството и со собирање шумски плодови. Тој во своето родно село цели две децении прави првокласен јаболков оцет по прастар рецепт, а неговиот производ е многу баран на македонскиот пазар и претставува вистински еликсир на младоста.

    - Бидејќи по дипломирањето не успеав да се вработам како професор или социолог, бев принуден да се вратам во родното село Рамне и таму, собирајќи шумски плодови и други билки, да ја обезбедувам својата егзистенција. Од своите најблиски ја научив и рецептурата за правење јаболков оцет од првокласен квалитет по прастар рецепт. Така, уште пред две децении почнав да го произведувам надалеку познатиот јаболков оцет „ала митко“, кој е многу баран кај вистинските љубители на здрава храна. За да дојдам до оригиналниот производ најпрво морав да обезбедам основна суровина, а тоа се зрели плодови од диво јаболко (киселачка н.з.), кои ги има во изобилство во нашиот крај, а како најпогодни месеци за нивна берба се октомври, ноември и декември, а ни мразот не може да го расипе нивниот квалитет - вели трпеливиот Митко, кој не жали што останал во родното село и за него е најважно да го работи она што го исполнува, па макар тоа било далеку од струката за која се школувал.

    Тој, и покрај деталниот приказ на производството на јаболков оцет по прастар рецепт, сепак чува мала тајна што го прави да биде уникатен во своето производство. Целокупниот процес Никодиноски го извршува сам, бидејќи нема кој да му помогне и затоа дискрецијата на неговиот рецепт е загарантирана.
    - Откако ќе ги соберам киселите јаболка, поединечно ги мијам и ги чистам од семките и дршките и ако на нив има и некаков гнилеж. Потоа јаболката ги ставам исклучиво во дрвени буриња и во однос 1 спрема 5 ги полнам со чиста изворска вода. Потоа оваа смеса со повремено мешање останува да ферментира околу 6 месеци, со тоа што повремено ја чистам смесата од создадениот талог. По завршувањето на ферментативниот процес, јаболковиот оцет го процедувам и го собирам во стерилни шишиња со запремнина од 1 литар - додава Никодиноски, кој не заборави да посочи на сите особености што го прават неговиот производ специфичен, кој не може да се спореди со ниеден друг од оние што се нудат на македонскиот пазар.

    - Најдобра потврда дека мојот јаболков оцет е најоригинален и најквалитетен во земјава е големата побарувачка од добрите познавачи на овој производ. Муштериите што еднаш купиле јаболков оцет од кај мене секогаш повторно се враќаат да купат уште некој литар и така секоја година полни две децении. Самите потрошувачи на мојот оцет тврдат дека со неговата консумација се чувствуваат како преродени, без холестерол и срцеви проблеми, а во многу случаи имаат излечено и брадавички што им се имаат појавено по телото. Затоа најдобра реклама за мојот оцет се досегашните негови консументи - заврши Никодиноски.

    Инаку, секоја година Митко во текот на есента собира по 1.000-1.500 килограми зрели кисели јаболка, од кои потоа го произведува надалеку познатиот јаболков оцет. За да го надополни сопствениот буџет, Никодиноски во периодот кога ќе ги заврши обврските околу правењето јаболков оцет се посветува во собирање и други шумски плодови, а специјалист е во собирање мов, бидејќи, како што вели самиот, само во еден ден може да собере и 25 килограми.
     
     
       

    Автор: Зоран Антоски

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 509 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024