Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  March 2015  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2015 » March » 4 » Москва ќе ја чита Македонија
    0:56 AM
    Москва ќе ја чита Македонија

    Москва ќе ја чита Македонија

    Последниве години се зголемува интересот за македонската литература во Русија и кај читателите, но и кај издавачите. Така, овој пат имам идеја да ја организирам манифестацијата „Читај ја Македонија“, која ќе се одржи во Москва, а вниманието на читателската публика ќе биде концентрирано на романот како жанр што сега е најпопуларен во светот, вели македонистката Олга Панкина

    Mакедонската романескна продукција сè повеќе е присутна на руските јазични простори

    ПРОЕКТ ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ РОМАН 

    Истакнатата славистка и македонистка Олга Панкина, која со години континуирано работи на промоција на македонската литература на руското јазично подрачје, годинава во мај, по нејзина иницијатива, ќе реализира голем проект, кој ќе биде уште еден значаен чекор во популаризација на македонската книжевност во руската престолнина. Станува збор за манифестацијата „Читај ја Македонија“, која ќе се одржи во мај годинава во Москва, по повод Денот на словенската писменост и култура. 

    ДЕНОВИ НА 
    МАКЕДОНСКИОТ РОМАН 


    Во изминативе три години, на иницијатива на Панкина, во Русија беа остварени над 80 значајни активности и манифестации, за популаризација на културните вредности на нашата земја на полето на литературата, како: македонските театарски денови во Москва, гостувања на македонски писатели и уметници во Москва, изложби и промоции на книги од македонски автори, тркалезни маси, конкурси за превод и многу други. 
    - Последниве години се зголемува интересот за македонската литература во Русија и кај читателите, но и кај издавачите. Така, овој пат имам идеја да ја организирам манифестацијата „Читај ја Македонија“, која ќе се одржи во Москва, а вниманието на читателската публика ќе биде концентрирано на романот како жанр што сега е најпопуларен во светот - вели Панкина. 

    Како што најавува таа, проектот „Читај ја Македонија“ ќе се состои од два дела - Денови на македонскиот роман и Курс за преведувачи од македонски на руски јазик. 
    - Во рамките на Деновите на македонскиот роман ќе биде претставена едицијата „Македонскиот роман на 21 век“, ќе има изложба на македонски романи преведени на руски, која ќе се одржи во серуската државна библиотека за странска литература „Рудомино“. Курсот за преведувачи, пак, е за да се привлечат младите преведувачи, преку нивно обучување врз основа на моето повеќегодишно искуство стекнато на полето на преводот. Настанот е планирано да се одржи во Државната установа „Московски дом на националностите“, со учество на преведувачи, литературни критичари, слависти, студенти-македонисти од филолошкиот факултет на московскиот државен универзитет „Ломоносов“ што ќе бидат идни потенцијални преведувачи на дела од македонски јазик и ќе трае три дена - најавува македонистката. 

    СТАНУВАМЕ 
    ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО РУСИЈА


    Благодарение на големите напори на Панкина, македонската романескна продукција сѐ повеќе е присутна на руските јазични простори и станува сѐ попрепознатлива за широкиот круг читатели. 
    - До 1990 година на руските читатели им беа познати само три имиња на македонските романсиери, и тоа: Славко Jаневски, Ѓорѓи Абаџиев и Живко Чинго. Оттогаш, за жал, македонски романи во превод на руски воопшто не се издаваа. Но од 2007 година работата тргна кон подобро. Оттогаш досега успеав да ги преведам и објавам романите на Живко Чинго, Петре М. Андреевски, Луан Старова, Венко Андоновски, Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Ермис Лафазановски... така што бројката од четири романи што биле преведени до 1990 година се зголеми на 61 роман што само јас ги преведов целосно или во фрагменти - вели Панкина. 

    Во последниве години, десет раскази од македонски автори беа објавени во најреномираното руско списание „Иностранаја литература“, Русија се вклучи во проектот „100 словенски романи“ токму со македонскиот роман од Оливера Николова, романот „Папокот на светот“ на Андоновски ја доби значајната награда „Југра“, а поетот Ристо Василевски стана годинашен добитник на „Мала Нобелова награда“ што ја доделува градот Ижевск, Удмуртија.
    Во декември 2014 година во Македонија на руски се објавени книгите од проектот „135 тома македонска книжевност“ во превод на пет светски јазици. 

    Олга Панкина       Фото: Дарко Андоновски  
       

    Автор: Ивана Нолчева / ivana.n@novamakedonija.com.mk

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 316 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024