Почина легендарниот Влада Дивљан
Некогашниот водач на бендот Идоли и истакнат музичар на југословенскиот нов бран починал денеска во Виена по долга и тешка болест на 56 години.
Владимир Дивљан е роден на 10 мај 1958 година. Кон крајот на седумдесеттите години беше член на џез-рок групите Мерлин и Звук улице, а од 1980 до 1984 година го водеше бендот што ја обележа југословенската рок-сцена во 80-тите и 90-тите години, Идоли.
Од 1985 година почна соло-кариера, во која продолжи со поп-рокот во исто време правејќи и филмска музика.
Од август 1991 до септември 1997 година, живееше во Сиднеј, по што се врати во Белград, а од 1999 година живееше и работеше во Виена.
http://youtu.be/CfI3eGXkZH8
Влада Дивљан беше еден од вистинските великани на југословенската музика, а Идоли се смета за еден од најголемите и највлијателни југословенски рок-бендови.
Нивниот албум од 1982, „Одбрана и последњи дани“, беше изгласан од критиката за најдобар југословенски рок-албум.
http://youtu.be/nEwvqAthQhE
Дивљан пееше и на македонски: освен песната „Малена“, тој ја отпеа и „Баба Зумбула“, хитот од најгледаниот македонски игран филм „Балк-кан-кан“.
http://youtu.be/lqKJeZlQP0s
Извор: “МКД“
|