Путин открил сѐ за тајната руска операција за враќање на Крим (ВИДЕО)
Телевизискиот канал Расија 1 најавил дека наскоро ќе емитува документарен филм со назив „Крим. Патот во татковината“, пренесуваат руските агенции.
Во филмот рускиот претседател Владимир Путин зборува за тоа како била спроведена операцијата за враќање на полуостровот во составот на Русија.
„Ги повикав во Кремљ раководителите на нашите специјални служби, министерството за одбрана, им дадов задача да го спасат животот на претседателот на Украина (Виктор Јанукович), бидејќи него едноставно ќе го убиеја“, кажал Путин, а пренесува РИА Новости.
„Беа поставени големокалибарски митралези за да нема многу зборување. Се подготвивме да го извлечеме директно од Доњецк, по копно, море, воздух... Тоа беше меѓу 22 и 23 (февруари 2014), завршивме околу 7 часот наутро. На разделбата, им кажав на сите колеги: принудени сме да започнеме активности за враќање на Крим во составот на Русија“, кажал Путин.
На екранот при емитувањето на исечокот се појавил „кајрон“ на кој пишува дека филмот ќе биде прикажан наскоро.
РИА Новости потсетува дека Крим не ја призна легитимноста на новата украинска власт од февруари 2014 и дека беше решено да се одржи референдум за идната судбина на 16 март 2014 година.
Огромно мнозинство од излезените гласачи, 96,77 отсто, гласаа за присоединување на Руската Федерација, избирајќи меѓу таа можност и обновувањето на важноста на уставот на Република Крим од 1992 година и статусот на Крим како дел од Украина.
http://youtu.be/x2TxcHg-Vi4
Извор: “МКД“
|